ЖИВЕЕМЕ ВО СТАЛИНИСТИЧКА ЕПОХА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

Македонски манифест го крева гласот

 

(по повод случувањата со митрополит Агатангел и оперскиот пеач Игор Дурловски)

 

Против Митрополит Повардарски Агатангел, на знак на градоначалникот на Велес Аце Коцевски (некогашен оптимистички демократ) е покренато барање до јавното обвинителство за казна на митрополитот што ги повикува верниците на забраната на владата да ги посетат храмовите на Духовден да влезат и да се помолат за своите починати во црквата. За оној одметник од Алах и Христос кој се закануваше дека Македонија ќе ја претвори во Бангладеш како да не е доволна терористичката 2001, ништо. Тоа значи дека во оваа држава не е добро да си Македонец туку некој друг рамковен.

Потоа, вториот случај кој ја дијагностицира нашата ситуација на геноцидната власт над Македонците на Зоран Заев. Случајот од пред неколку дена со познатиот македонски оперски пеач Игор Дурловски кој го обвини обвинителката Русковска, а го судеше судиката Добрила Кацарска за тероризам со државен правен тероризам по теркот на Заев за кој еден ден тие ќе бидат судени. Имено Игор Дурловски додека возеше беше проследуван од советникот на Заев со име и презиме Филип Андонов – Глушецот, со извинување на глувците, наречен Сокол  заради што изумреа соколите. Имено тој Сокол-Глушец го следеше на неколку семафори Дурловски и го навредуваше заради неговата љубов кон родот во кој се родил. Македонски манифест најостро реагира на тие два случаја кои не се инцидентни туку се планирани.

Оној мотив на „допрен глас“ со кој се товари родољубивиот Агатангел и оној по улиците додека се возел Дурловски е типичен сталинистички метод кој го воведе и до перфекција го усоврши Сталин од Муртино со неговиот надворешен министер како Берија Димитров. За жал тој сталинизам кој е помоќен од хитлеровиот фашизам (оти Хитлер си го сакаше народот за разлика од нашите фашисти) го подржуваат лажните политбирократи од Брисел и Вашингтон.

Толку, колку да знаат Македонците за што станува збор. Оти нека им е арам ако и сега го изберат за водач Сталин од Муртино.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ