Заев и Мијалков како “кумови“ и босови на cultura della mafiosita

Да драги мои Македонци, коруптивен премиер и криминален бос, веќе неколку години во Македонија тренираат и практицираат култура на мафијата – cultura della mafiosita. Сега-за-сега културата на законие, културата на законите cultura della legalita, не станува и не живее во нашата држава Македонија. Директни и основни виновници за тоа се Зоран Заев и неговата коруптивна дружина и Сашо Мијалков и неговата мафијашка мрежа. Овие две структури се во прегратка и играат смртоносен танц – познат како dance macabre(Dance of death – танц на мртвите). На дело со  политичка корупција и аномија(беззаконие) се разоруваат државните институции. Влада, полиција, обвинителство, судови, министерства. Еве ќе ја претставам преку една интересна формула: корупција = монопол на власта + дискрециони овластувања  – (одговорност + интегритет + транспарентност)

Најчесто оди рака-под-рака со непотизам (= фаворизирање на роднини), кронизам (= фаворизирање на пријатели и партнери) и политичка(партиска) патронажа и покровителство(=вработување и унапредување на партиски членови на високи функции во државната и јавната администрација). Од сите нив се испилуваат политичкиот клиентелизам и партиската протекцијата, кои се поврзани со патронажата и значат овозможување на привилегии на клиенти, фаворизирање одредени лица заради заштитнишво или партиска заслуга, со цел да се остварат лични или партиски интереси.

Оваа криминално-мафијашка мрежа деновиве имавме прилика да ја видиме на дело три пати: Случај “27 април“ (срамна пресуда на апелациониот суд); Случај “Монструм“ (срамно и безобразно повторување на случајот, без нови докази); и Случај “Таргет –Тврдина“ и неговото величество “Македонски Ришеље“ – “црвена“, а богами и “сива“ еминенција на судските, јавнообвинителските, полициските, безбедносните и владините битија и собитија. Така се нагледавме и наслушавме  “системот потфрли“, “системски грешки и пропусти“, системот затаи“…. Секако и на коперниканскиот пресврт “институциите на владата предводени од мене (З.Заев), во координација со правосудните органи, спроведовме акција со детални постапки“, “со акцијата координирав јас“(З.Заев), “институциите ги притиснаа неговите најблиски“ и така во недоглед.

А во меѓувреме: Обвинителот Љубомир Јовевски молчи и дејствува од позадина. Русковска е главна јавнообвинителска “ѕвезда“ која со свои “нинџи“ маргинализира колеги обвинители, полиција и безбедносни служби, а со судот игра подигравка; Претседателот на кривичен Иван Џолев, олеснувач кој замолува обвинителството да ја повлече жалбата; Полицијата врши визуелен надзор и го губи субјектот на надзорот; Совет на јавни обвинители спие во зимски сон; Членовите на судскиот совет напикани во глувчешка дупка…. На крајот сите среќни – што побегуљата се врати, а богами и задоволни што системот функционира “беспрекорно“. Тоа ти се вика почетен дебакал во вид на “салто мортале“ и крајна катастрофа и фијаско како “салто морале“.

Гледаме, слушаме и разбираме дека криминалот и корупцијата се најголема закана за демократијата во Македонија. Зошто молчиме? До кога ќе бидеме кетмани? Ајде во акција за спас на заболената ни демократија. Нејзе можеме да ја спаси само владеењето на правото. За такво владеење потребна е култура на законие. Тоа е стриктно почитување на законите и имање целосна доверба во правниот поредок.  Културата на законие е култура што енергично се спротивставува на беззаконието. Да се потсетиме: тоа е исто како што своевремено во Италија, Сицилија, cultura della legalita и објави војна на cultura della mafiosita. За таа цел мораме да ја зајакнеме улогата на граѓанството, општествената заедница и културата воопшто. На тој начин и со овие чинители се гради вистинската социјална подлога за силни политичко-морални убедувања. Останавме ли пасивни и инертни, лошо ни се пишува.

 

Сотир Костов