За великобугарските аспирации кон Македонија и Македонците

Повтроно мораме, а и неопходно е да реагираме против велепредавничкиот договор(подметнато кукавичко јајце од Бугарија) и срамната политика која го продуцираше(македонска-предавничка и великобугарска-експанзионистичка), како отровна стрела забодена во македонското ткиво. Целта ја знаеме – поништување на се што е вековен македонски идеал и не остварување на македонските (државни и национални) интереси. А не е дека не предупредувавме. Пред три години, јасно, недвосмислено и гласно кажавме дека договорот е срамен и велепредавнички во кој се фрлени под нозе, и во кал македонските национални интереси и идеали. Доказ: Откажувањето во договорот од генеричката основа на македонскиот јазик како автентичен производ на македонскиот дух и култура, кој е апсолутно посебен од бугарскиот

 

Цели 40 години во медиумите пишувам и во јавните настапи зборувам на оваа тема. Да бидам искрен тоа ќе го правам и понатаму – се додека сум жив. Започнувам со политиката како феномен, кој овозможува еден окупатор од минатото(Бугарија), својот срам за окупацијата(на Македонија) да го префрла на окупираниот, што е апсурд на денешниот ден, и сам по себе, и сам за себе. Но, станува збор и за одговорноста на тој што од несфатливи и неприфатливи причини, го прифаќа срамот, без трошка свест и совест за својата одговорност пред историјата, пред народот(Македонски), и одговорност за иднината на државата Македонија. Ајде, најпрвин да го дефинираме тој феномен(политиката).

Политика! Нејзиното име е од женски род. Сакал, не сакал, ти идат асоцијации за курврлк. Упс! Се извинувам, сепак понежно(покоректно) е ороспилак. Од Сократ, преку Платон и Аристотел, па до денешни дни таа најразлично е дефинирана, поставувана и спроведувана. Едни велат дека е достоинствена. Други, веднаш на таа достоинственост, ги спротивставуваат нејзината заводливост и опојност, до која таа многу често ги води нејзините носители. Трети на преден план ја ставаат нејзината праведност. Ама има  и такви кои велат дека е сурова и нехумана. Има и такви кои одат најдалеку и велат дека е умна, а таа не е ниту наука, ниту пак уметност.

Мојот пријател Георги Барбаровски одамна запиша дека е Олимп на нашите промислувања и походи. Ако е така, а така е, тогаш таа може да биде и предизвик, и цел, и награда, и казна. Напати строга, многу почесто занесувачка и опојна, дури и одбојна. Како и да е, таа е наша судбина. А како таква, и сеприсутна и семоќна, претенциозна и самоуверена, до ниво на наметлива и исклучива. Е, тука доаѓаме до нивото кога таа за дел од секундата се претвора во власт и надмоќ, и затоа, како што забележал Вебер, тој што се занимава со неа тежнее кон моќ. Тука веќе навлегуваме во темните лавиринти на политиката, каде ако вие не се занимавате со неа, таа ќе се занимава со вас. Се уште не избледнале сеќавањата на комунизмот и сталинизмот.

Добро, денес го живееме времето на демократија и плурализам, ама гледаме, слушаме и чувствуваме дека врие од непринципиелност, поводливост, грубост и подмитливост. Тие веќе се изобличување на најблагородното и највозвишеното знаење, што таа треба да го претставува. Со ваквите изобличувања таа сигурно не е мислење на паметното дејствување на тие што ја спроведуват, и е многу далеку од невиноста кои занаат да и ја препишат.

Сега да се потсетиме: И сакале, не сакале, ете ти ја пред нас сликата на Бојко Борисов, б’лгарски паун кој се шепури на македонска почва, и Зоран Заев, изгубен Германец, во сопствената држава. Сепак, ако сакаме најсоодветно да ги опишеме, и едниот, и другиот, на денот кога го потпишуваа срамниот договор за пријателство, добрососедство и  соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, мораме да го повикаме на помош стариот лисец на дипломатијата, Хенри Кисинџер. Тој за политичари од таков вид велеше дека политиката што тие ја спроведуваат е најдобриот афродизијак за нивната немоќ, и за нивните комплекси и суети. Како инаку би била нивна верна метреса на патот за освојување на власта и билдање на моќта. Ете тоа им го прави таа Вавилонска блудница на ‘’избраните’’ како Борисов и Заев. Првиот да изгледа како надуван и самозадоволен паун, а другиот буквално изгубен со помешани чувства, кои ги прочитавме на изразот на неговото лице, кој не можеше да го контролира. Не мал број освестени Македонци, одговорни пред историјата и државните интереси на Македонија укажавме дека тој договор од нив ќе направи насилници на историјата, агресивни и безобѕирни ретуш-мајстори на минатото и неморални силувачи на културата и образованието. И секако, целосно слепи за вистинските прашања и проблеми на македонскиот народ, македонскиот јазик и без никаква грижа за постоењето, положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Бугарија.

Тоа е срамно превреднување на сите вредности, би рекле филозофите. Експертскиот јазик тоа го нарекува ретуширање на историјата. А народски кажано, тоа е фалсификат. Најобичен, ама брутален и срамен. Самоуверени до ниво на самодоволност, овие пориви нив   ги претворија во понизни полтрони на своите налогодавци. Разбира се, меџународната и застапниците на вековната бугарска кауза вперена против македонскиот опстој. Како такви се покажаа погоден политички смет на времето во кое живееме, од кој изр’туваат сите проблеми на македонскиот народ. Нивните говори ги доживеав како панаѓур на говорот и суетата, на кој тие преку дворската куртизана(нивната политика), нас, граѓаните на Р. Македонија не третираат како бит-пазарска роба, најдолен вид бофл-роба, понижувајќи не и исмевајќи не, велејќи дека сме биле среќни оти ете тие го потпишале договорот. Колку сме ние среќни, толку тие да бидат успешни во таа и таква нивна политика.

Минаа три години и еве ти оп Бугарски меморандум до ЕУ. Или ќе биде по нивно, нема македонски јазик, нема македонска нација, нема ништо македонско, или вето за македонија во преговорите наши со ЕУ. Е тоа ти се вика добрососедство и комшиска подршка за влез во ЕУ – по блгарски тертип. И сега, од кога ја дознавме содржината на тој меморандум, има ли уште такви на кои не им е јасно дека се работи за отворена бугарска стратегија за разнебитување на македонството? Дали Заев и неговата влада занаат дека македонскиот  јазик е наша длабинска идентитетска одредница? Дали знаат што значи откажувањето, односно премолчувањето на македонското малцинство во Пиринска Македонија? Треба ли да коментираме дека “заедничката“ историја и чествување, уште еден голем ступидариум на тој квинслишки договор.

Драги мои Македонци, повеќе од јасно е дека бугарската политика кон Македонија, поточно бугарската атака кон нас, ја предводат актери, протагонисти и антагонисти со подли страсти и валкани амбиции и највалкани заложби и цели. Дури сега, тие никогаш нема да се откажат од нивниот сон: да избришат се што е македонско, и се што низ историјата се поврзува со Република Македонија, со Македонците, со нацијата, традицијата, јазикот, културата. Море актери на срамната антимакедонска политика, абе килави внучиња-протагонисти на Бернајс владината пропаганда во Македонија, како ќе се спасувате – баче Бојко Борисов ви го начука до балчак. Конечно великобугарската политика ви ја донесе на “своја“ територија(Македонија) со цел Бугарија, нас Македонците и Македонија да не завладее демогравски, популациски, јазички, културно, политички и на крај историски.

 

Сотир Костов