За горделивоста и напредокот

Никола Димитров многу сака да повторувананапред и нагоре“. Заев сака да вели декане постои друга алтернатива“. Двајцата честопати велат како се навистинската страна на историјата“. Не сум слушнал многу примери како други од нивната партија ги користат овие изрази, ниту пак од нивниот помал коалициски партнер ДУИ, но сигурен сум дека ги користат и ќе ги користат во иднина.

Зошто зборуваат на овој начин? Една причина е затоа што можеби навистина веруваат дека ја водат Македонија консветлата сончевинана Европа, која ќе биде обединета, слободна и во мир (а можеби, во моментите кога се поискрени сами со себе, ако тоа воопшто се случува, си признаваат дека со сила ја тераат во овиеутопискиземји, свесни дека зборотутопијабуквално значиместо кое не постои). Друга причина е што сакаат тие самите да бидат во центарот на овој потфат, да го водат, или со сила да го наметнуваат. Уживаат во вниманието кое го добиваат од западните главни градови и од прогресивните македонски елити и воопшто не би им се допаднало ако се покаже дека нивните постапки и политики се всушност штетни за Македонија.

Во тоа е нивната горделивост.

А горделивоста доаѓа од вербата во прогресот.

Во својата најнова книгаОбновено Карпе Дием“ (2019), христијанскиот писател Оз Гинис пишува за времето, за ерата во која живееме и за трендот да го менуваме значењето на зборовите. Еден од зборовите чие значење се има сменето е напредокот, или прогресот, кој што сега означува напредок во време, а не во простор или патување. Во нашето доба, овој збор почна да означува нешто за штоавтоматски и само по себе се подразбира дека е позитивнонезависно од неговата содржина или од кого се предлага. За модерните луѓе, доволно е само да им кажете дека нешто е прогресивно“, вели Гинис.

Гинис понатаму додава: „Зборот прогрес се користи да се опише нешто што е напредно, но во исто време се користи и како синоним задобро‘… Реакцијата против прогресот, од друга страна, е по дефиниција лоша. Според митот на постојаното подобрување кој потекнува од ерата на Просветленоста, светот постојано станува се подобар и подобар. Тоа што го имаме денес не е само исправно туку е и во голема мерка подобро од тоа што го имавме вчера. А секако, тоа што допрва доаѓа ќе биде уште подоброЗборот прогрес едноставно прави се да е подобро и се што е означено со него е подобро. Не мораме ниту да размислуваме, ако нешто е прогресивно, по дефиниција мора да е добро“.

прогресивноста стана светата наметка на секуларната левица“, додава Гинис. „Модерната секуларна левица и нејзиниот прогресивен мит им велат на луѓето дека тоа што го прават е оправдано бидејќи се навистинската страна на историјата‘“. Многу други писатели исто така забележале дека ова тврдење е практично вид на религиозна вера од страна на прогресивците, а умислата дека светот постојано станува се подобар и подобар е клучен дел од оваа вера.

Се разбира, ако нештата секогаш одат на подобро и подобро, и човештвото постојано напредува, како е можно тогаш цивилизираната Германија на Гете и Кант да се претвори во варварската Германија на Хитлер, Химлер, Хајдрих и Ајхман?, прашува Гинис. Слични примери можете да најдате низ историјата. Некој на памет ви вели дека светот прогресира и станува се подобар и подобар? Прашајте ги Тутсите од Руанда дали е така. Или многу други народи.

Но Заев, Димитров и тие како нив инсистираат дека животот станува се подобар и подобар за Македонците бидејќи Македонија беше со сила внесена во НАТОи тоа по страшно висока ценаа сега мора да плати уште повисока цена за давајќи ја македонската историја, хероите, да не зборуваме за трговските брендови и слично, додека одинанапред и нагорекон Ветената Земја ЕУ каде сите се богати, здрави и среќни. Бидејќи не постои друга алтернатива, нели?

Да бидеме искрени: Заев. Димитров и дружината мислеа (можеби се уште мислат) дека ако влезат во НАТО и во ЕУ и ако прават се што ќе им кажат од Стејт Департментот, од ЕУ и од НАТО, Македонија ќе стане стабилна, богата и безбедна. Многу им е полесно да го сменат името и идентитетот со сила, да ја игнорираат волјата на Македонците, да ги канат Меј, Метис, Могерини и Меркел да ги тупкаат по рамо какодобри децаотколку дасработат нешто. Треба многу работа за да се изгради просперитетно општество, кога ќе биде богато затоа што сте спроведувале економски политики кои водат кон раст и отворање работни места; треба многу работа за да се изгради стабилно општество во кое ја земате предвид волјата на граѓаните и спроведувате политики кои придонесуваат кон хармонија, колку што е тоа можно во услови на меѓуетнички и внатреетнички односи; безбедно општество бидејќи работите напорно да бидете партнер со НАТО, свесни дека поради вашиот неправичен сосед можеби нема да седите на истата маса во НАТО, но сепак да работите со нив, и да градите сојузи додека си го чувате достоинството, суверенитетот и честа.

Заев, Димитров и дружината одбраа да тргнат по нечесниот пат и на крајот ќе се откажат од се што ја прави Македонија посебна и уникатна. На крајот тие ќе ја растурат Македонија бидејќи ќе го колабираат македонскиот идентитет, што ќе поттикне и други злонамерни играчи да ја искористат македонската слабост.

Живееме во време на страв и општа малодушност и би можел текстот да го завршам тука, но сепак да се обидам да завршам со нишка на надеж. Последното поглавје на книгата која ја цитирав е насловеноКрајот не е краји во него Гинис вели декатоа што наликува на крај не е секогаш вистинскиот крај на приказната“.

Запомнете го тоа. Држете се до ова сознание. Повторувајте си го. Само затоа што актуелната власт во Македонија и причинува штета на земјата не значи дека ќе бидат на власт вечно, ниту пак уште многу долго.

пишува:

Џејсон Мико