(ВИДЕО + ФОТО) Мега галерија од протестот за зачувување на името и индентитетот на Македонија- Сите за Унитарна Македонија

Над 25.000 граѓани излегоа на вечерашниот протест за одбрана на уставното име на Македонија.

Покрај лошите временски услови и притисоците со кои се соочиле оние кои сакале да присуствуваат на семакедонскиот протест во Скопје, огромен број граѓани се најдоа на улиците низ градот со цел одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Барањата беа јасни на организаторите од координативната мрежа СУМ – Сите за Унитарна Македонија – НЕ за промена на уставното име и поромена на идентитетот и јазикот

Граѓани на Република Македoнија,

Историјата повторно сака да се поигра со нас. Наместо сенародна, сеграѓанска и семакедонска владеачка коалиција добивме предавничка. Добивме членови на Собранието и членови на Влада кои безмилосно тргуваат со нашите национални интереси, нашата историја и нашата иднина.

На чело на Република Македонија се народни изроди кои без никаква морална одговорност газат по коските на нашите знајни и незнајни херои. Газат по она за што се положени десетици и стотици илјади животи. Сите тие загинаа со само една мисла ‘’Слобода или смрт за Македонија’’.

На власт дојдоа народни изроди кои бесрамно се откажуваат и од Питу, и од Михајло Апостолски и од Шарло, но и од Ченто. Уште полошо, тие се откажуваат и од идеалите на Киро Глигоров, Никола Кљусев и Борис Трајковски.

Тие сенародни изроди, се откажуваат и од резултатите на АСНОМ, но и од референдумот од 1991 година. Тие се подготвени да се откажат и од млекото на своите мајки само и само за да ги исполнат желбите на своите господари.

Граѓани на Република Македонија,

Сенародните изроди и предавници забрзано работат на спроведување на геноцид врз Македонската нација. Како што Хитлер се обидуваше да ги истреби Евреите, така Заев и неговата клика се обидува нас да не истребат. Време е повторно да се обединиме и единствени да се спротивставиме на ова ново злосторство. Време е да се издигнеме над идеолошките и колективните недоразбирања и да се обединиме околу една и единствена цел. Одбрана на Македонија.

Почитувани сограѓани,

Пред нас е последната и одлучувачка битка. Умрените и неродените од нас бараат еднаш засекогаш да се пресметаме со сите кои посакуваат да исчезнеме од лицево на планетава земја. Да се откажеме од своите корени и да станеме вејки на ветерот. Тоа не смееме да го дозволиме.

Од тие причини Ве повикуваме да ни се придружите и да не подржите во оваа света заложба за Македонија. Ве повикуваме сплотени да застанеме на браникот на нацијата и државата.

Владеачката гарнитура не бира средства за да го исполни налогот на наредбодателите. И ние нема да бираме! Повикуваме на целосна граѓанска непослушност. Влада и Собрание кое не го почитуваат националното чувство на своите граѓани не ја заслужуваат нивната доверба. Уште повеќе не заслужуваат да живеат заедно со нас во нашата татковина. И тоа треба да биде наша крајна цел! Нема да се

смириме и нема да прифатиме ништо помалку од нивното заминување од Република Македонија. Еднаш за секогаш нека ги остават на мир нашите национални чувства и својата иднина и среќа нека ја побараат кај своите господари.

Граѓани на Македонија,

Да застанеме под едно знаме, да застанеме под еден дух-духот на нашите знајни и незнајни херои, да застанеме зад едно и единствено име-Македонија.

Обединети и непоколебливи да застанеме цврсто врз земјата на нашите прататковци, која тие толку ревносно ја бранеа и ни ја оставија во наследство.

Македонија е нашето најголемо и непроценето наследство кое ние треба да им го оставиме на следните поколенија.

За тоа непоколебливо ќе се бориме.