Ветераните и младите на Пехчево и Берово со поддршка на обновата и Игор Јанушев

Игор Јанушев, носителот на изборна единица број 3 денес беше во посета на Пехчево и Берово заедно со Професорката Иванка Василевска и Влатко Ѓорчев каде што имаа дружба со младите од овој крај кои им ги посочија проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Посетата на Берово заедно со Проф. Иванка Василевска ја започнаа од манастирот Св.Архангел Михаил. Прекрасно свето место, сместено во живописна природа. Беровчани навистина има со што да се гордеат- нагласи Јанушев

На средбата со ветераните и граѓаните од Пехчево тој нагласи дека на Македонија и е неопходна обнова.  Се обврза пред ветераните на поголеми пензии за пензионерите, повисоки плати нови работни места како и повисок животен стандард. Вети обнова која ќе донесе подобри услови за сите во Македонија.

Беровчани се подготвени за нова голема победа на 15 јули. Македонија мора да си ја обновиме, единствеи како никогаш до сега- Истакна носителот на изборната единица 3 Игор Јанушев.