Велес го тресе тежок скандал! Директорот на Центарот за јавно здравје малтретира вработен! (АУДИО)

Нов скандал во Центарот за јавно здравје на Велес.

В.Д. Директорот на Центарот за јавно здравје Велес г-а Анастасија Иванова, малтретира вработен Центарот.

 

Имено, директорката, која патем има ингеренции од Велес до Гевгелија, како што се слуша од аудио снимката, на вработената и се обраќа со зборовите „Не ме почитуваш гуско една…. тужи ме колку сакаш, кој ќе ти биде сведок? …. ќе ти тропне на вратата, ѓубре едно„

Јавноста се прашува, после овој скандал, дали министерот Венко Филипче ќе ја разреши оваа директорка или ќе остане тортурата врз вработените од страна на директорката на Центарот за јавно здравје?