Вардар вторпат е шампион на Европа!

 

Вардар пак ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите.

Гордоста на Македонија пак ја израдува нацијата. Вардар е европски првак во ракомет и тоа во година во која имаше милион проблеми и никој тоа од него не го очекуваше. Во финалето во Келн, вардарци го совладаа  Веспрем со 27-24 (16-11) и вторпат се е европски шампиони.