Вакцинираните со по две дози против Ковид-19 ќе добијат сертификат за патување

Иако процесот на вакцинирање не се одвива според предвидената динамика, земја е на чекор до т.н. зелен пасош за имунизација. Министерството за здравство подготвува сертификати за граѓаните кои ќе добијат по две дози  од некоја од вакцините за слободно да патуваат кон државите кои забранија влез на граѓани на С. Македонија. Сертификатот ќе важи и за патување во Грција. За истата цел ќе остане и потврдата за негативен ПЦР тест.