Uber соработува со NASA на проект за летачко такси

Uber потпиша втор договор со NASA. Што претставува официјализирање на соработката за развој на модел кој ќе ја симулира услугата за возушен урбан превоз.

Овој договор е јасен знак дека Uber е заинтересиран за соработка и дека амбициите за проектот на летачко такси се навистина високи. Според договорот, ќе и отстапи податоци на NASA и детали за своите планови за услугата. Кои агенцијата ќе ги користи за симулирање на летови. Овие податоци ќе бидат користени за сценарија кои се однесуваат на возупниот сообраќај, намалувањето на опасноста од судири и управувањето со воздушниот простор. Тоа е првиот договор на NASA врзан за урбаната возушна мобилност специјално фокусиран на моделите и симулациите.

Соработката беше официјализирана во текот на втората годишна конференција Elevate која се одржува во Лос Анџелес. Токму ЛА и Далас се два града во кои ќе бидат извршени првите тестови на возушното такси.

Првиот договор помеѓу Uber и NASA е потпишан во ноември минатата година, а претставуваше намера за соработка. Новиот договор е специфичен, бидејќи NASA ќе ги користи податоците на Uber за симулирање на лет на мало патничко летало додека лета над небото на Далас. На кое дневно летаат стотици авиони.

Извор: УСБ