Творештвото е слободата во што е и напредокот

Во современието прагот на духовната разина е многу низок. Дали се очекува пресвртница е неизвесно. Во Македонија, поради ургентната ситуација, мораат да се вложат огромни напори за економијата. И покрај тоа, за да не се превиди, се спротивставуваме на визијата дека економијата е сé и на изведниците од таквиот пристап за севкупниот развој. Да се маргинализира најзначајната(европска) филозофска мисла при што образованието воопшто (и за општеството) да се темели на позитивистичките основи. Интелигенцијата со вокација на економска професионализација да го преземе централното место.

Причините за ваквите наши прилики ќе ги препознаеме, пред сé, кај образувачите. Имено, тие, бегајќи од схоластичкиот приод во теоријата од комунизмот, преминаа на „западните“ позитивистички позиции. Но, јасно е, дека освен западниот, позитивизам постои и во источниот свет. Така што позитивизмот стана живеачки императив во општеството. Истоветна е причината и за анимозитетот кон теоретскиот пристап создаден и за расправата околу суштинските прашања на општествената перспектива. Во јавноста таквите настојувања се нарекуваат како „филозофирање“ со потценувачко значење. Евидентен е принципот за егзактност, усмерен на развивањето само на природните и техничките науки и оттаму развојот на општеството да биде сфатен како развој во зголемен обем на тони  јаглен, киловат/саати електрична струја… Сумирано: во броење.

Жаргонскиот израз за позитивистичката перспектива како „жабечка“ асоцирајќи на неговиот низок дијапазон.  И во однос на општествената перспектива останувајќи во тнр. практика на рамна линија. На бескрајните и, и, и, во продолжение.  И со позитивизмот создадената општа безидејност. За што следи и одговорот за тоа каков обем на општествена перспектива со таква теоретска ориентација можеме да создадеме. И дали воопшо може да се конструира таква, во такви услови. При што никако, одново, не ја воспоставуваме потребата за нова идеологизација.

Филозофот Мартин Хајдегер предупредува дека таа состојба на броење ќе се надминува, долго, за 300 години.

Што значи дека пресвртот е битен. И токму затоа во нашиот развој мора да биде предочен. Одговорот го најдуваме кај  филозофот Вања Сутлиќ.

Севкупното научно сознание не е за отфрлање на постоечкото туку за да се дојде до состојбата во секој наш чин, во секој даден момент, свесно да се дејствува. Техниката и технологијата притоа да бидат опфатени во дејствувањето.Оттаму хуманистичката димензија во профилирањето и на техничката интелигенција не може да изостане. Како и максимата целото образование да го припрема човекот за слободно творечко постоење. Она што како општествена одговорност се наложува е ослободувањето од надреденоста на административниот однос и од наметната свест над човекот. Како би можела да се разрешува личната и општествената акција како слободна духовна активност, преточена во практична дејност. Затоа што политиката припаѓајќи на организационата сфера во животот на луѓето ја реализираат филозофската и научната категоријална сфера. Економијата, припаѓајќи заедно со политиката во организационата дејственост, ја извршува истоветната мисија.

Во филозофска смисла, а за реализација на ваквиот процес, како разрешување на односот објект-субјект во нивното единство, за Сутлиќ суштествени се двата методолошки пристапа. Станува збор, прво,за разрешувањето на односот на минатото и иднината во сегашноста. Тоа не е обичен редослед на минатото, сегашноста и иднината бидејќи минатото и иднината се разрешуваат во сегашноста. Второ, според филозофскиот принцип теза-антитеза- синтеза, минатото не е нешто поминато туку надминато во сегашноста. Тоа значи дека создаденото минато како содржина се зачувува но се ослободувајќи се од ограничувачката форма, за таа да се подигне, во иднината, на повисоко ниво. Тоа е смислата на сегашноста, да го ослободи минатото за создавање на создадената суштина на повисоко ниво во иднината. Во сегашноста минатото не се отфрла. Напротив тоа се надраснува преку критика за, дефинитивно, во синтезата, во иднината, отфрлајќи ја формата, да ја задржи и надрасне суштината. Што значи не можеме да го отфрлиме стекнатото. Било материјалното или постигнатото во форма на свест за реалното, не можеме да го поништиме. Го усвојуваме преку науките чија мисија е критичка. И кои, вршејќи ја критиката на постигнатото, воедно, укажуват што би можело да се стори а не било сторено. Ваквиот филозофски пристап ни помага за да го разрешиме односот кон заоставштината, постигнатото, за што, нажалост, кај нас, често, се јавува колебање.

пишува: Јованка Кепеска