Топол и масовен пречек на Игор Јанушев во Кратово!

Носителот на листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес беше во посета на жителите во Кратовскиот крај во село Туралево.

На тамошните средби Јанушев на жителите им порача дека на Македонија и е неопходна обнова, развој и модернизација.

Средби со жителите на село Туралево општина Кратово.

Јанушев на жителите од Кратовскиот регион им ја претстави програмата за Обнова на Македонија и делот за  ОТВОРАЊЕ НА НОВИ РУДНИЦИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МЕТАЛИЧНИ МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ каде што стои според обемот на работа и динамиката на експлоатација се планирани нови 300-400 вработувања, што локално за овој крај би било од особено значење. За локалитетот „Плавица“ во општините Пробиштип и Кратово, од страна на концесионерот доделена е концесијата за експлоатација на бакар и злато, а во тек се дополнителни анализи за потреби за изработка на рударската документација и регулирање на дозволата за експлоатација. За отворање на овој рудник од страна на инвеститорот планирани се околу 12 милијарди денари, и вработување на минимум 300 работници.

Носителот на изборната единица 3 Игор Јанушев исто така имаше средби и со младите од овој крај во месниот комитет Јосив Даскало кои им ги соопштија проблемите со кои секојдневно се соочуваат.