Стаменковска: Со предлог законот за амнестија се опфатени сите лица, кои што се дел од 27-ми април

При заседавањето на Седницата на Собранието на Република Македонија, пратеничката Невенка Стаменковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес го произнесе законот за амнестија кој што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и претставува предлог закон кој што се однесува на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27-ми април 2017 година. Самиот предлог закон содржи 6 члена во кој што точно се точно определени, во член 1 од овој закон се наведуваат 4-те члена од законот за кривична постапка во која што е определено:

· Член 384 – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

· Член 386 – кој што се однесува на насилството.

· Член 385 – учество во толпа кој што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 односно терористичко здружување на уставниот поредок, безбедност од кривичниот законик на Република Македонија.

Ова значи дека со овој предлог закон за амнестија се опфатени сите лица, кои што се дел од 27-ми април односно оние лица за кои што веќе има донесено првостепена судска одлука, но овие лица се уште ја немаат добиено одлуката од суд иако таа пред 4 месеци беше прочитана во рамки на судот но се уште не е доставена до лицата кои што им се судеше обид за убиство на пратеникот Села, посочи Стаменковска.

Стаменковска од говорницата на Собранието посочи дека оние лица кои што се гонат за терористичко дејствување во Уставниот поредок на Република Македонија но и сите оние други лица кои што се опфатени како дел од учество во толпа, насилно однесување итн. Иако овој предлог закон е даден од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, тие како пратеничка група оставаат простор односно даваат можност на колегите од СДСМ и останатите колеги кои што се во рамките на Собранието на Република Македонија да работат на подобрување на текстот на законот. И да најдат заедничко решение како да им се помогне на овие лица кои што се опфатени со 27-ми април.

Доколку Зоран Заев и парламентарното мнозинство навистина и искрено сакаат национално помирување како тоа што беше напоменато токму од оваа говорница тоа можат да го направат со поддршка на овој закон за амнестија. Овој закон предвидува вистинско национално помирување за сите оние кои што учествувале во настаните за 27-ми април, a не селективно помирување како што сакаат да направат премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство преку т.н. Комисија за помирување, појасни Стаменковска.