СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ И ТУРИСТИЧКО УГОСТИТЕТСКАТА КОМОРА ДЕНЕСКА НА ПРОТЕСТ

Трети ден откако туристичко-угостителската комора започна со протести пред Министерството за финансии. Од денеска им се придружија и сметководителите. Под мотото „За кого има светло на крајот на тунелот“, тие ги повикаа надлежните институции да ја обезбедат бараната финансиска поддршка.

Сметководителите бараат нов закон за вршење вршење смедководствени работи, и да биде донесен на транспарентен начин, а од туристичко угостителската комора очекуваат да ја добијат методологијата за да се види на кој начин ќе бидат распределени средствата, кој ќе може да аплицира и дали истите ќе треба да се враќаат.

Од СДСМ велат дека со шестиот пакет економски мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

„Предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители. На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година. Шестиот пакет мерки предвидува поддршка за туристичките агенции со А лиценца, кои ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.“ – велат од СДСМ.

Сметководителите уште на почетокот на пандемијата се понудиле на државните институции за пробоно помош при креирање на мерките, меѓутоа не биле повикани да учествуваат во креирањето на мерките, само за консултации и предлози, а не и во самата имплементација. Тие остануваат на протести пред додека не им бидат исполнети барањата во целост.