Скопје Blah Blah!

Скопје Blah Blah се „роди“ како дел од проектот „Поддршка за изборни реформи“ које е овозможен од Швајцарска амбасада/ Швајцарска агенција за развој и соработка, спроведен од IFES и НМСМ. Целите на овој проект е да се охрабрат младите и да ги кажат своите проблеми гласно. Имплементаторот на проектот, Јован Нечовски, накратко ни ги објасни целите и резултатите како и форматот на проектот кој го спроведува:
„На младите во Град Скопје, особено во општините Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров им недостасуваат идоли и се чувствува недостаток на простор (виртуелен и реален) во кој тие можат да ги кажат предизвиците, проблемите, потребите и визиите кои ги имаат за својот сопствен развој во местото во кое живеат.
Едноставно речено, идолите на младите се невидливи. Скопје имало и има млади и успешни луѓе, па оттука идејата на оваа иницијатива е да им овозможи медиум и глас на младите луѓе во општеството. Цел на проектот ќе биде да се истражи со какви локални проблеми се соочуваат младите во овие општини и истите да се предочат на пошироката јавност. Тоа може да се направи преку интервјуирање на млади луѓе кои имаат различни позадини, кариери, успеси и предизвици. На тој начин, тие ќе имаат простор, во кратко и ефектно видео, да споделат што според нив треба да се подобри во овие средини. На овој начин, упешно ќе се идентификуваат дел од проблемите или предизвиците на средината, а пошироката јавност (особено младите) ќе сфатат дека проблемите со кои тие се соочуваат се пошироко присутни. Вака ќе се обезбеди простор и локалната администрација и другите засегнати страни да бидат свесни за очекувањата од нивната работа. По изработката и публикувањето на видео-интервјуата, ќе се пристапи кон изработка на корисни инфографици за резултатите кои ќе ги добиеме (на еднострани инфографици ќе се предочат проблемите и потешкотиите). Кои проблени најчесто се среќаваат и што е најпотребно за младите во овие општини. Преку изработените видеа и инфографици ќе бидат пронајдени проблемите, предочени на јавноста и може полесно да бидат решени. Бенефит од ваквиот пристап, сметам дека ќе има пошироката јавност во Град
Скопје, особено затоа што ќе се поттикне дискусија и ќе се подигне свеста дека младите се активен чинител во општеството и треба да им се даде заслуженото место, особено на оние најдобрите. Промотивните видеа ќе им послужат и на политичките партии и кандидати да погледнат кон што се стремат младите и кои се нивните потреби.
Мотивацијата која ме водеше во изработката на оваа иницијатива е фактот што на младите им треба средина во која ќе можат да напредуваат и да се чувствуваат безбедно. Младите се двигател и иднината на ова општество. Моето искуство во изработката на видеа, нивно публикување и нудење на медиум на кој млади луѓе можат да заземат политички ставови, сметам дека ми дава уникатна можност да бидам мост помеѓу проблемите и идеите на младите и нивното претставување во јавност. “
Повеќе информации за проектот, неговата изработка и резултати ќе можете да прочитате овде:

https://www.facebook.com/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-Blah-Blah-110439514417455