Штит ( Сонот ни бега)

 

Постои слобода во нас

Постои слобода пуштете глас

Обидете се да го запрете потопот  наш

Постои битка , застанете  рамо до рамо

До братот ваш

Многу битки се губат

Хероите наши се спремат да ги судат

За  Македонија што  ја љубат

 

Не сонувај, сонот ни бега

Не чекај сега, ќе донесат само беда

За туѓи интереси ќе изградат ѕид

Но нашето сонце го заслепи нивниот вид

Да не постане Македонија мит

Време е да направиме штит

 

Еве дојде и тој суден час

Да се слушне далеку македонскиот глас

Да престанат да не делат нас

Потребен е секој од вас

Не сонувај, сонот ни бега

Не чекај сега, ќе донесат само беда

За туѓи интереси ќе изградат ѕид

Но нашето сонце го заслепи нивниот вид

Да не постане Македонија мит

Време е да направиме штит

 

Генерацијо моја,

Одлуката денес е само твоја,

На твоите деца

Да им кажеш за Македонија која

Вее знаме во црвено жолта боја

 

Не сонувај, сонот ни бега

Не чекај сега, ќе донесат само беда

За туѓи интереси ќе изградат ѕид

Но нашето сонце го заслепи нивниот вид

Да не постане Македонија мит

Време е да направиме штит

 

Сега чекориме  пак

Го видовме нивниот знак

Се спрема  нашиот крах

Нека грмне гласот јак за

Македонските херои зад решетки во мрак

 

Не сонувај, сонот ни бега

Не чекај сега, ќе донесат само беда

За туѓи интереси ќе изградат ѕид

Но нашето сонце го заслепи нивниот вид

Да не постане Македонија мит

Време е да направиме штит

 

 

Бети Поуп

За сите што искрено ја сакаат Македонија