Шарените лаги и двојните стандарди на „независниот’’ пратеник Павле Богоевски

Боите на Шарената Револуција се распрсна како меурчиња од сапуница. Под секое шаренило остана само лага. Борбата за правда и мир доби нова цел : функции и фотелји . “Независните” кои ветуваа дека ќе ги чуваат интересите на Македонија беа едни од првите кои ги продадоа.

Собранието на Република Македонија на 11 јануари со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците. Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан.

Павле Богоевски кој сметаше дека не постои двојазичност и не се заговара двојазичност на територијата на Македонија не само што не се повлечи од кампањата туку тој дури и гласаше ЗА за  Законот за употреба на јазиците.

Павле Богоевски беше до толку самоуверен па и самиот во дебатната емисијата „Топ Тема’’ на Телма телевизија изјави дека тој делува независно и самиот ќе одлиучи дали ќе гласа за законот за двојазичност.

Очигледно неговата независност, и неговото тврдење дека нема да има присилно учење на албански јазик, двојазични униформи и банкноти не зависела од него. Тој на 11ти Јануари со боите на Шарената Револуција гласаше ЗА за законот за двојазичност, и се она што законот го предвидува.

 

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *