Самите ќе го поправиме

Деновиве изгледа дека силите кои се подготвени да ја предадат Македонија се на чекор од преземање на власта повторно. Мислам дека тука има лекција која Македонците може да ја научат. Ова е лекција која важи за сите поединци или гурпи на граѓани во било која држава кога ќе видат дека лоши луѓе ја преземаат власта и спроведуваат политики кои и наштетуваат на државата и на нејзините граѓани.

Лекцијата е самите да ја поправиме состојбата.

Додека ги пишувам овие редови, изгледа дека Зоран Заев и неговата партија СДС (поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија) ќе направат коалиција со поранешните терористи и нивниот марксистички водач Али Ахмети, и покрај тоа што пред изборите едниот велеше дека нема да оди во коалиција со другиот. Ова повторно докажува дека Зоран Заев лаже. Но, што друго и да очекувате од поранешен комунист – се разбира дека лаже, дека не е способен да ја каже вистината.

Стар виц: како знаете дека Зоран Заев лаже? Усните му мрдаат.

Овие двајцата се заинтересирани само во нивната лична моќ, и како да ја преточат во лично богатство. Двјацата се прилично искусни во вештината на прикривање на својата лична жед за власт и моќ под приказната за придвижување на Македонија кон ЕУ и НАТО, и голем дел од меѓународните медиуми наседнаа на нивните лаги и мртви озбилни објавуваа наслови како „СДС, прозападната партија во Македонија“ (секако, го додадоа гадниот збор на „С“ пред тоа „Македонија“). Зоран Заев и СДС се „прозападни“? Али Ахмети и ДУИ се „прозападни“? Смешки. Повторувам, двајцата овие луѓе – и нивните политички партии – се преправаат дека се нешто што не се, за своја лична корист и моќ. Тоа е се.

Каков договор да биде постигнат тука, ќе биде лош за македонските граѓани независно од нивната етничка припадност.

Секој договор меѓу нив ќе биде лош за сите Македонци, каде и да живеат. И покрај барањата на Али Ахмети за албански министер за одбрана, спикер, премиер, министер за што и да е, останува фактот дека етничките Албанци во Македонија денес се уште се сиромашни, лошо образувани и трпат сериозни проблеми. А сепак Ахмети и раководството на ДУИ продолжуваат да се однесуваат со крајно потценување кон своите гласачи. „Да, знаеме дека ви е потребно работно место, но видете тука – имаме албански премиер“!, вели оваа партија.

Згора на се, Македонците мораат да ја трпат и американската амбасада и актуелната амбасадорка, американскиот Стејт Департмент, ЕУ, разните институции, држави и нивните амбасади во Македонија (не сите, но повеќето од нив), како и НАТО. Сите овие институции и луѓе се здружени против правото на Македонија да се нарекува себеси Македонија, а Македонците се нарекуваат Македонци (ако не ми верувате, погледнете ги нивните интернет страници и профили на социјалните мрежи и погледнете како ве нарекуваат и колку често ја користат придавката „македонски“). Тие се исто така противници на правото на Македонците да имаат сопствена историја, традиција и култура, доколку тоа се коси со погоре наведените цели. Сите овие лица и институции се пречки – можеби дури и непријатели – на Македонците. На крајот на краиштата, секој човек или институција кој ви го негира вашиот уникатен идентитет не може да ги брани вашите интереси и веројатно има поинакви мотиви и цели, кои сигурно не се во ваша полза.

Но доста зборуваме за овие екс комунисти премачкани со разни бои, за нивните увлекувачки поддржувачи и за одвратните странци. Да се вратиме на лекцијата. Што можат Македонците да сторат во овој период, додека чекаме нови избори, или пак чекаме овие будали да се самоуништат.

Има многу работа пред сите Македонци кои ја сакаат Македонија, и пред пријателите на Македонија кои сакаат таа да продолжи да биде Македонија, да биде успешна и напредна.

Најголем дел од оваа работа ќе мора да се врши на лоокално ниво. Се почнува во семејството, а продолжува, во се пошироки и пошироки кругови, кон соседството, низ заедницата и другите институции. Ќе биде потребна работа од учителите, во и надвор од училниците, за македонската младина да биде правилно образувана. Ќе биде потребна работа во институциите на граѓанското општество, особено културните институции и тие кои се посветени на заштитата на македонскиот јазик, уметност, култура и традиција, во верските заедници како и во областа на себе-подобрувањето. И на многу други полиња.

Во „За Македонцките работи“ Крсте Петков Мисирков напиша дека „Полната политичка слобода не чинит за ништо, ако еден човек не сознает оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата таткоина и својот народ ет: труд, труд и пак труд“. Знам дека сите го познаваме трудот на кој не повикува, кој го поттикнува – да засилиме се што е македонско. „Се надевам дека нема да го земете против мене тоа што јас, како Македонец, ги ставам интересите на мојата земја пред се… Јас сум Македонец, имам македонска свест и свој македонски поглед на минатото, сегашноста и на иднината на мојата земја“.

Имаме многу работа пред нас, а почнува така што ќе се подобриме себеси.

пишува:

Џејсон Мико