Пукање во Кичево – ранет независниот кандидат за градоначалник Алит Абази

Алит Абази, носителот на независна советничка листа предложена од група избирачи во Кичево, кој што поплaднево беше ранет се наоѓа на операција со тешки повреди на абдоменот и рбетот, информираат од ургентниот центар во Скопје.


Оттаму велат дека Абази пред операцијата  бил во стабилна состојба, очекуваат операцијата да потрае, а за резултатот ќе информираат утре.

Неговиот шеф на изборен штаб, пак Дестан Абдиу кој што беше застрелан во бутот на десната нога и е хоспитализиран во Клиничкиот центра е во стабилна состојба.
На трето поврденото лице, Шабан Далипи му беше укажана помош во болницата во Кичево.

Полицијата го приведе напаѓачот Абдула Абдули  што попладнево во близина на судот и полициската станица пукаше во трите лица. А најден е и пиштолот од кој што е стрелано.