Претставени буџетските Nokia 5.1, 3.1 и 2.1 телефони

„HMD Global“ официјално претстави три нови „Нокиа“ телефони, со кои компанијата дополнително ја проширува својата понуда од средниот и нискиот сегмент на пазарот. Два телефони се „Android One“ модели, додека третиот користиasd „Oreo Go“ едиција на софтвер. Преставени се моделите „Nokia 5.1“, „Nokia 3.1“ и „Nokia 2.1“.

„Nokia 5.1“ претставува значајна надоградба во однос на својот претходник, а телефонот пристигнува со FullHD+ (1080 x 2160p) eкран и 18:9 oднос. „IPS LCD“ дисплејот од 5,5 инчи е прекриен со „2.5D Gorilla Glass“ заштита. Телефонот е изработен од еден блок „6000-series“ анодизиран алуминиум. Капацитивните копчиња се преместени на екранот, а сензоро за отпечаток на прстот е на задната страна на телефонот.

„Nokia 5.1“ има 16MP камера на задната страна (aвтофокус со фазна детекција и „dual-tone“ блиц), додека „селфи“ камерата има 8MP сензор. Tелефонот има „microUSB“ порт за полнење на батеријата од 2970mAh, 3.5mm aудио приклучок, „FM“ радио, како и „Wi-Fi“ и „Bluetooth“ поддршка. „Nokia 5.1“ користи процесор „MediaTek Helio P18“ со такт 2.0GHz во две верзии: 2GB RAM + 16GB простор за складирање и 3GB RAM + 32GB меморија, а двете верзии имаат „microSD“ слот. Телефонот од јули ќе биде достапен по цена од 190 евра.

„Nokia 3“ своевремено беше најуспешниот модел во иницијалната линија на компанијата „HMD“, a неговиот наследник „Nokia 3.1“ би можеледа биде најуспешен со помош на бројните подобрувања кои се имплементирани. За почеток, тука е 5.2-инчен „IPS“ eкран, со 720p+ резолуција. Телефонот има метално куќиште, со задна страна од поликарбонат.

„Nokia 3.1“ користи чипсет „MediaTek 6750“, со осум јадра „Cortex-A53“. Покрај моделот со 2GB RAM-a/16GB простор за складирање, а тука е и 3GB/32GB верзијата. Главната камера на задната страна има 13MP сензор, додека „селфи“ камерата има 8MP сензор. „Nokia 3.1“ телефонот ќе биде достапен од јуни, со почетна цена од 140 евра.

„Nokia 2.1“ користи „Android Oreo“ (Go Edition) софтвер и ќе чини само 115 евра. За овие пари ќе се добие 5,5-инчен екран (16:9, 720p) и предни стерео звучници. Иако има поскромен чипсет „Snapdragon 425“, телефонот има подобрени перформанси во однос на претходникот (зa 50 проценти).

„RAM“-от останува исти 1GB, a просторот е 8GB + microSD слот. „Nokia 2.1“ пристигнува со поголема батерија од 4000mAh, која нуди два дена работа со едно полнење. Системот со камери вклучува 8MP сензор на задната страна и 5MP предна камера. Телефонот глобално ќе биде достапен во јули.

 

Извор: Денар