Прашања за Македонците

“Менувањето на имињата е секогаш показател дека имаме работа со револуција со култура на ‘нулта година’, која сака да го избрише минатото, а воедно и сите што се врзани за минатото” – американскиот историчар и класицист Виктор Дејвис Хенсон.

“Нултата година” се однесува на Француската револуција во 1789 година, кога јакобинците се обидоа од корен да ја видоизменат Франција, процес кој заврши со… Наполеон. Тоа не беше исходот кој револуционерите го посакуваа, но такви се револуциите – тие ретко излегуваат така како што насилниците замислиле.

Ако Зоран Заев и неговата социјалистичка партија бидат реизбрани на 15 јули, дали 2017 година – почетокот на неговата власт во Македонија – ќе биде вашата “Нулта година”? Годината кога Македонија тргна по патот на себе-преименување и отфрлање на својот идентитет, историја, традиција, култура и се што Македонија ја прави да биде Македонија.

Или пак, 15 јули ќе биде денот кога Македонците ќе почнат да го враќаат своето име и ќе зачекорат кон ветената подобра иднина, отфрлајки ги Заев и неговите револуционери?Додека

Македонците размислуваат за кого да го дадат својот глас оваа среда, треба да си поставиме неколку прашања. Одговорите ќе определат кој ќе победи, а кој ќе загуби на изборите.

Прашањата кои Македонците треба да си ги постават се следните:

– Дали сметате дека Македонија се движи во вистинската насока

– Дали ви е подобро сега или пред три години, пред коалицијата на Зоран Заев и Али Ахмети да дојде на власт?

– Дали во Македонија владее правото и дали тоа еднакво се применува кон сите граѓани на Македонија?

– Дали престанаа скандалите и воопшо, корупцијата?

– Дали криминалот и беззаконието се под контрола? Или пак бројот на напади, грабежи, убиства и други насилни злосторства расте? Ако да, зошто е тоа така?

– Дали Владата одговори соодветно на корона вирусот? Како функционираше здравствениот систем во Македонија во целина во овие три години?

– Што со образованието? Како се постави Владата на тој план? Дали училиштата ќе се отворат во септември и дали македонските деца повторно ќе можат да учат со своите соученици?

– И секако, дали Македонија беше понижена и деморализирана од постапките на Заев и неговата Влада?

Има и други прашања како овие кои Македонците би требало да си ги постават. Повторувам, одговорите ќе определат кој ќе владее со Македонија во следните четири години.

Во меѓувреме, интересно е како политичарите во Бугарија и Грција одеднаш стивнаа и релативно се незаинтересирани за отворените прашања од “договорот за добрососедство” меѓу Македонија и Бугарија и таканаречениот “договор од Преспа” меѓу Македонија и Грција. Има многу спорни прашања мегју овие две земји и Македонија и нивните политичари вообичаено се изјаснуваат за овие теми и бараат Македонија да преземе нешто. Но сега молчат – тоа е затоа што сакаат Заев да победи, и знаат дека штом Заев досега испорача се што му побараа, тоа покажува дека и во иднина ќе им ги исполнува сите барања, на штета на Македонија.

Странскитепретставници во Македонија исто така се релативно тивки, барем во јавноста, во неделите пред гласањето. Но можеме да бидеме сигурни дека во заднина активно работат во полза на нивниот омилен премиер – колку и да му се смеат зад грб.

Даодиме понатаму.

Минатата недела една личност од Твитер одговори на мојата колумна со следната забелешка: “Па што, Северна е само придавка”.

“Па што”. “Само придавка”.

Ако зборовите немаа значење, ќе се согласев со мојот соперник. Но, зборовите имаат значење. Со текот на времето таа мала придавка – во комбинација со се друго што се бара од Македонија, како што е препишувањето на македонската историја, на учебниците, преименување на сите јавни исправи – знаци, монети, поштенски марки, документи, лични карти, пасоши, меморандуми – се – сите овие постапки ќе ги поткопуваат Македонија и Македонците. Уште сега најголем дел од светот Македонците ги нарекува “Северномакедонци”, како што може да се види на оваа листа која ја обновувам секоја недела од април 2019 година. Тука има навистина премногу работи кои одеднаш станаа “северномакедонски”.

А сепак Зоран Заев и неговите социјалисти продолжуваат “напред и нагоре”, како што љуби да вели неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров, тотално несвесен за фаталните последици кои ги носи времето.

Воразговор со непозната актерка која се преправадека е шведската ученичка и активистка Грета Тунберг, Заев и кажа на “лажната Грета”: “Ти благодарам Грета, неодамна дури го сменивме и името бидејќи сакавме официјално име на земјата зошто сакаме да градиме пријателства и да бидеме модерна држава и така сега станавме република Северна Македонија…”.

Итака Македонија стана “модерна земја” со тоа што додаде придавка пред “Македонија”. Тоа е се!? Секако дека не. Потребна е напорна работа. Потребно е да се себе-жртвувате. Потребно е почитување на владеењето на правото. Потребна е фискална трезвеност. потребно е да реагирате одмерено и обсмислено. Потребни се многу нешта за да бидете “модерна држава”, а не менување на името.

Разбирам дека Македонците ќе гласаат за други прашања, а не за името и идентитетот. Тие ќе гласаат за прашањата на економијата, работните места, здравството, образованието, безбедноста и многу други нешта. Како што напишав пред неколку недели, верувам дека името и идентитетот се пониско на листата на приоритетите а Македонците во Република Македонија, и имам претпоставка зошто е тоа така: огромното мнозинство од Македонците во републиката си ги живеат своите нормални животи, се нарекуваат себеси Македонци, гледаат компании кои го користат името “Македонија” и ретко наидуваат на зборот на “С”. Оттаму, во секојдневнието ова прашање не е прво и најважно од прашањата кои се пред вас.
Но долгорочно, нашите имиња и иденитетот, и нашето минато, определени од нашата историја, традиција и култура се не само витални за нас како поединци туку и за народите, нациите, државите.

Во случајот на Македонија, ако не се грижите за македонската градина, еден ден ќе ја снема.

пишува

Џејсон Мико