Нов парк за миленици во Ново Лисиче

Скопје доби уште еден нов парк за домашни миленици, кој е лоциран во паркот до ФФМ во Ново Лисиче.

-Во Скопје има голем број на домашни миленици и ние работиме на овозможување на подобри услови за нив и нивните сопственици. Во таа насока градиме специјални паркови за миленичиња, каде последен ваков парк е овој во Ново Лисиче. Ова е трет парк за миленици кој го направивме во Скопје, а и во иднина ќе продолжиме со изградба на вакви паркови во сите општини во Скопје, објави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук.