Николоски: Во буџетот на Македонија за 2018-та година има НУЛА денари за заштита и промоција на македонскиот јазик

Во буџетот на Македонија за 2018 година има НУЛА денари за заштита и промоција на македонскиот јазик, обвинува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Подолу е извадок од буџетските ставки на Министерството за култура. Иако Премиерот Заев на состанокот со претставниците на Институтот за македонски јазик на 11 септември 2017 г вети многу проекти за заштита, промоција и унапредување на македонскиот јазик, повторно излажа! Во моментите кога му требаше поддршка од Инстутот вети брда и долини, во реалноста донесе нула денари за македонскиот јазик! Паралелно на тоа со сила во Собранието се обидува да протурка науставен закон за двојазичност и употреба на алабанскиот јазик на цела територија на Македонија.

Да е трагедијата уште поголема во истиот буџет на Министерството за култура има предвидено 4 милиони евра за Албански театар и уште 4 милиони евра за Театар и библиотека во Тетово. Да не се разбереме погрешно, јас немам ништо против алнаски тератар или библиотека за нашите сограѓани албанци, но во истор време да има НУЛА денари за македонски јазик и да се турка неуставен закон за двојазичност не значи ништо друго освен дека Премиерот Заев за пуста власт е спремен да ги продаде Македонците и македонскиот јазик и да ја редефинира државата“-пишува Николоски.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *