Натегнувачки („победнички“) слоган и сексистички политики на Заев (и СДСМ)

Знаев и пишував дека Заев е колку прагматичен, толку повеќе и патолошки лажго. Знаев и пишував дека за да дојде на власт се служеше и со нужни лаги, и со клеветнички лаги, и со пропагандни лаги и секако со лаги на голем расчекор помеѓу неговиот  говор и неговото дејствување. Ама дека можел да биде безобразно груб, немерливо суров и злонамерно навредлив кон својот народ, да бидам искрен не сум знаел, ниту сум верувал.

 

Човек кој ја познава силата на зборовите, треба многу сериозно да внимава што зборува. Тоа е вибрационата сила на зборовите. Што ќе кажеме, тоа и ќе привлечеме. Неодамна прочитав дека зборот е како волшебно жезло за човекот….. Бидете внимателни, со курвинските зборови и курвинските работи. Сакајте го семејството, почитувајте ја татковината, имајте респект кон својот народ, уживајте во убавините на планините, шумите, котлините, реките и езерата. Не давајте им се и одбранете се од курвинските зборови и курвинските работи…. (Извадок од мојата колумна „Зборови, предмети и должници“, напишана во „Дневник пред шест години). Ајде сега да видеме кој е невнимателен, невоспитан и некултурен, а одозгора на тога кипти од иронија и бај д веј неискрен, нечесен и има образ како најквалитетен ѓон

“…Курац, што ќе се разочарам, ебем ти народ таков….“, изјава на Заев некаде пред Парламентарните избори 2016г. „После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, изјава на Заев(фејсбук статус), во врска со неговата сексистичка изјава од 2016тата, дадена вчера на 09 мај – Денот на Европа.

Како човек кој знае нешто за избори и изборни кампањи, ја замолувам македонската јавност, составена од македонскиот народ, оној истиот кој Заев сака да го натега, изјавата од 2016тата да ја сватат и прифатат како слоган на Заев и СДСМ за изборите што претстојат. Втората пак изјава, неговиот фејсбук статус нека биде експертско објаснување, мејд бај Заев, за тоа што е значењето на слоганот, поточно дека тој, сексистичкиот слоган е афирмација на политиките и ставовите на Заев и СДСМ. Инаку, да ви помогнам: ставот на Заев е натегнувачки, визуелно претставен со машки полов орган, кој нестрпливо ги чека изборите и да се даде во акција; Политиките му се сексистички и се многу едноставни за разбирање: Заев ќе го однади/натега/секса  народот (избирачкото тело), а тој – народот/избирачкото тело, ќе му возвратат со гласање за него, за СДСМ и за нивните ставови и политики. Препорачувам оние што досега не ја  разбраа изјавата на Заев во делот „..ебем ти народ таков..“, а уште помалку го разбраа неговиот фејсбук статус, во кој тој со манир на врвен експерт објаснува дека тоа е афирмација на нивните(негови и на СДСМ) ставови и политики, тогаш на помош нека ја повикат „Камасутра“ и 100те ставови/фигури на Венера за секс, натегање, однадување. Е дури тогаш збунувањето ќе биде комплетно. Секој на лице место ќе се увери дека тоа е богатство од сексистички ставови и политики. Има за секој по нешто. Од „Амазонка“ преку „Трумфална капија“ до „Класика“. Од „Орел“, преку „Супер 8“ до „Ѕвезда“.  Од „Рокенрол“, преку „Пропелер“ до „Волшебна гора“. Од „Похотлива нога“, преку „Лежечки потос“, до „Баланс и соединување“, и така натаму, или и многу други. Мора да се признае голицави некои ставови нуди Заев. А политиките заносни, дури некои и занесени, до транс, екстаза. Е, па, кој што сака, бујрум те. Заев, сите не очекува. Како самопризнат натегнувач има неограничен капацитет. И ете во тоа е разликата помеѓу него и Бранко Црвенковски. Се сеќавате ли, во изборна кампања Бране на „еден грев“ му велеше: „… Абе чоек, и да сакам не можам да постигнам…“, притоа мислејќи на секс со жената на тој „грев“. Бранко, искрен или толку можел, остана недообјаснето. Кај Заев пак нема што да се дообјаснува. Младост лудост. Се чувствува јак, моќен, одозгора на тога потентен, и така бај д веј сака да поеби “таков народ“ – а тоа случајно е Македонскиот народ.

Драги мои, морално беше, на неумесната иронија на Заев да му одговорам (на неговиот фејсбук статус) со соговувачка иронија да му скренам внимание дека прорачунатата итроштина не е исто што и вистината. Да му кажам дека неговата човечка неискреност, која бзди од ефтини трикови и итрини, е понижувачка за секоја една единка од народот што тој толку многу сака да го натега. Сака тој со иронија да ги обесмисли неговите простачки, вулгарни и примитивни зборови и епитети кои одамна му ги залепил на македонскиот народ. Овој пат тоа дефинитивно не поминува. Самиот себе се разобличува. А дека е препреден, признавам: Да, таков е! Се служи со еден врвен еристички трик(13от еристички трик на Шопенхауер), кој јас го имам разработено во детали во мојата книга „Лагите во политиката“, Селектор, Скопје, 2006), кого го имам наречено „Парадокс на сомнението – сомнение во парадоксот“ (Се служи тој вешто и со други еристички трикови, ама за нив во некоја следна прилика). Тука, привремено прекинувам. Очекувам извинување од Заев и негово покајување пред македонскиот народ. Рок 24 часа. Доколку тоа не се случи следува најголемата и најдолготрајната канонада од зборови, упатени до натегнувачот/сексист Зоран Заев.

 

Пишува Сотир Костов

 

П. С. : Тик – так, тик – так, времето одминува. Веќе не се 24 часа