Наскоро испорака на првите Сухој Су-57

Руското воздухопловство денес го потпиша првиот договор за добивање на 12 напредни ловци од 5-тата генерација Су-57. Најсовремените авиони треба да бидат доставени до вооружените сили на почетокот на следната година.

“Првиот договор за 12 авиони е договорен, а испораките од овој договор ќе започнат наскоро”, изјавил заменик-министерот за одбрана, Алексеј Криворучко, за новинарите во Комсомолск-на-Амур.

Пофалувајќи го темпото на работата на произведувачот на авиони “Сухој” за производство на новиот најсовремен борец со едно седиште, Криворучко додаде дека инженерите завршуваат тестови на моторите на Су-57 од втората фаза и истите се целосно успешни.
Авионот беше познат како Сухој ПАК-ФА и T-50 за време на развојот. По првиот лет во 2010 година, и по неколку години истражување и развој, руските стелт повеќенаменски ловци од петта генерација би можеле да стапат целосно во употреба во 2019 година
Су-57, чиј авионски системи овозможуваат автономни пресметки на бојното поле за да му помогне на пилотот, се очекува конечно постепено да започне со замената на легендарните и докажани, ловци пресретнувачи Сухој Су-27.