Нашата планета жестоко ја загадува нешто што сите секогаш го користиме

Планетата Земја е се повеќе изложена на вештачко светло, а тој феномен е засилен со употребата на новите технологии, како што се ЛЕД светилките, наведуваат истражувачите во анализата за растечкото „светлосно загадување“, кое може да го загрози здравјето на луѓе, животните и билките.

Осветлувањето на планетата е зголемено во квантитетот и интензитетот за околу 2 проценти годишно од 2012 до 2016 година, се наведува во истражувањето во магазинот „Science Advances“.

Вештачкото осветлување е присутно секаде на светот, а во некои подрачја кои порано имаа помалку светло сега се бележи голем скок во осветлување, се наведува во студијата која е прва од такот вид и се занимава со осветлувањето од ЛЕД светилките, кои трошат помалку струја од обичните светилки.

Експертите навеле дека ЛЕД светилките кои произведуваат иста количина светлина, но со помалку струја довеле до намалување на трошоците на градовите за улично осветлува, но тоа од друга страна влијаело на повеќе светлина.

Научниците предупредуваат дека светлоста во текот на ноќта може да го поремети биолошкиот часовни, односно сонот кај луѓето, со што се зголемува опасноста од депресија, дијабетес или рак.

Осветлувањето исто така може да го згрози билките и животинскиот свет, а кај билките може да спречи мирување кое е неопходно за да се помине зимата и да го повтори цветањето во текот на пролетта.