Над 100 ученици учествуваа на меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge

Во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“ на 9 и 10 февруари се одржа локалниот дел од меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge.

На натпреварот се натпреваруваа 111 ученици од  11-17 годишна возраст од Република Македонија и регионот.

Целта на натпреварот е да се стимулира интелектуалната љубопитност кај младите и да се подобрат нивните академски вештини. Темата на натпреварот годинава е „Креативност над границите“. Учениците избираат еден од предметите на општествените науки, уметноста и музиката, литературата и културата, науката и технологијата, економијата и бизнисот и се подготвуваат за конкуренција со користење на ресурсите споменати од таа тема.

       Натпреварот  OWLYPIA продолжува на 17-20 јуни 2019 на Fitzwilliam College of Cambridge, Кембриџ во Англија и 2-5 јули 2019  на Харвард во САД.