НА 26 АПРИЛ 2018 – СЕНАРОДЕН МАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија (Македонски манифест, Преродба, Став, Код, Ние, Наши, Христијанско братство, Тврдокорни, Македонското патриотско здружение „Васил Чакаларов“, Бригада, Македонско патриотско здружение „Пере Тошев’’ – Прилеп, Граѓанска иницијатива за одбрана на името Македонија и ослободување на неправедно притворените „Вевчани’’ –  Вевчани, Граѓанските иницијативи за одбрана на името Македонија и идентитетот на македонската нација од Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), на 26 април 2018 година, во 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија, организира семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на Македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинетите за настаните на 27 април 2017 година („Родољубивиот четврток’’)…

Соопштението го пренесуваме во целост:

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 26 АПРИЛ 2018 ГОДИНА

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија(Македонски манифест, Преродба, Став, Код, Ние, Наши, Христијанско братство, Тврдокорни, Македонското патриотско здружение „Васил Чакаларов“, Бригада, Македонско патриотско здружение „Пере Тошев’’ – Прилеп, Граѓанска иницијатива за одбрана на името Македонија и ослободување на неправедно притворените „Вевчани’’ –  Вевчани, Граѓанските иницијативи за одбрана на името Македонија и идентитетот на македонската нација од Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), на 26 април 2018 година, во 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија, организира семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на Македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинетите за настаните на 27 април 2017 година(„Родољубивиот четврток’’). Помина една година од обидот за срамно и шверцерско рекомпонирање на власта и уставно-правниот поредок на Република Македонија според таканаречената„тиранска платформа“.

Ги повикуваме сите државјани во Македонија и од македонските заедници во светот, што искрено ја сакаат Македонија, заедно да застанеме под едно знаме, да застанеме под еден дух-духот на нашите знајни и незнајни херои, да застанеме зад едно и единствено име-Македонија. И покрај разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот заеднички именител, само Македонија е нашиот заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно! На 26 април 2018 година сите Македонци, по род и државјанство, заедно, громогласно да кажеме, дека сме за „Една и единствена, заедничка и унитарна Македонија!“ Сите Македонци еден за друг!

 СУМ – Сите за унитарна Македонија(Македонска координативна мрежа)

 Скопје, 10 април 2018 година



 

 

_________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

One thought on “НА 26 АПРИЛ 2018 – СЕНАРОДЕН МАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *