Мицкоски: Oна што за вас е одлична надворешна политика, за граѓаните е распродажба на државните интереси и хроничен хаос

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фб профил одговори на статусот на Премиерот Зоран Заев кој кажа дека се водело одлична надворешна политика и дека бил свесен за некои пропусти во внатрешната политика и дека тоа ќе се средело по принципот на работа која ја практикувал како градоначалник на Струмица.

Мискоски порача: “oна што Зоран Заев го нарекува “одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси. Не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената земја застапувајќи ги државните и национални интереси. А во изминатот период владата стана актуелна по попуштањето, но не и по одбраната на интересите, па се изроди закон за јазици кој е неуставен и хаотично однесување без концепт во поглед на спорот со јужниот сосед. Народот вели ако се среди сопствениот двор, тогаш може да се збори и за соседниот.” напиша Мицкоски.

Тој се осврна на внатрешната состојба во државата опишувајќи дека постои хроничен хаос и африканизација на државата.

“- А сликата за Македонија е далеку од розева. И она што премиерот вели дека е “свесен за некои пропусти во домашната политика” за граѓаните е хроничен хаос во секое поле и област што е директна последица на неспособноста да се менаџира со домашната економија, да се креираат реформи и унапредат состојбите, но и неспособност да се реализира ветеното. Ќе потсетам дека оваа влада велеше дека има темелна анализа за состојбите и пред да дојде ветуваше живот, но тој никако да стигне. Имаме африканизација и уназадување на Македонија во однос на сите критериуми, не само во поглед на демократијата и усовршениот политички терор на власта, туку и во здравството, образованието, науката, студентскиот стандард и младите, земјоделието, економијата”-напиша Мицкоски.

Мицкоски на тезата на Зоран Заев дека работата од Струмица ќе ја пресликал низ цела држава напиша ”oпасното е тоа што принципите на работа на Заев во Струмица стануваат и принципи на работа во цела Македонија, тоа што во државата се случуваат десетици случаи на “Цареви Кули, Глобал, фамилијарни или пријателски тендери, 200.000€ по принципот евро за евро, живи луѓе ќе јадеме и сл..” и тоа не е нешто за фалење. Граѓаните се повеќе сваќаат колку е сериозна ситуацијата и колку многу се пропушта да се направи. Зборот никако да се преточи во дело. Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата’’ пишува Мицкоски.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *