Милијардерот Ричард Бренсон станува астронаут. Ќе се лансира во вселената

Сер Ричард Бренсон откри дека во моментов посетува обука за астронаути и очекува да отпатува во вселената во наредните неколку месеци.

Неговата компанија за комерцијални летови во вселената – Virgin Galactic би требало да почне со работа до крајот на годината. A тој сака да биде еден од првите патници.

Бренсон вели дека Virgin Galactic е многу блиску до официјалната промоција на првиот лет. А тој едвај чека да биде меѓу првите туристи во вселената.

„Зборуваме за месеци, не години. Многу сме блиску. Возбудливи времиња се пред нас”, изјави 67-годишниот милијардер.

Ричард Бренсон се придружува на Елон Маск од Tesla и Џеф Безос од Amazon како дел од групата милијардери кои навистина страствено се посветени на испраќање комерцијални летови во вселената. Тој е толку уверен во овој проект што дури и самиот поминува обука за да може да биде дел од првиот лет на Virgin Galactic.

„Одам на тренинг за астронаути, а посетувам и фитнес тренинзи. Се надевам дека телото ќе може да издржи еден ваков лет, кога ќе дојде денот за тоа”, додава Бренсон.

Тој дури и му даде поддршка и неколку комплименти на Елон Маск. За кого смета дека врши одлична работа во пренесувањето на товар и опрема во вселената, но смета дека неговата вистинска конкуренција е Џеф Безос. Кој исто така повеќе се фокусира на пренесувањето на луѓе во вселената.

На почетокот на оваа година Virgin Galactic го имаше првиот успешен тест на едно од нивните суперсонични летала, SpaceShipTwo.