Меѓународен скандал: За дигиталниот самит Манчевски поделил 245.000 евра во четири очи

Меѓународен скандал поврзан со Дигиталниот самит на западен Балкан кој во Скопје ќе се оддржи на 18ти и 19ти месецов, пишува порталот Лидер.

Според документите и податоците до кои стигна „Лидер“, под изговор за наводна крајна итност (иако настанот е најавен од ноември минатата година) Министерството за информатичко општество и администрација без тендер, во четири очи, доделило 12.724.632 денари без ДДВ или приближно 245.000 евра со ДДВ на скопската компании Панекс, ДВД 5 и Дигитал Центар.

Компании ги добиле овие 245.000 евра за Техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен балкан 6, 2018 во Скопје. За набавки од ваков карактер според законот предвидена е тендерска процедура, во која ќе се пријават повеќе компании и ќе се изберат најповолните понуди, но, министерот Дамјан Манчевски одлучил во четири очи да им ги даде парите на овие три компании.

Според анализата, станува очигледно дека Манчевски против-законски го злоупотребува делот во законот предвиден за набавки од „крајна итност“, и во четири очи преку обичен договор доделува пари иако настанот е најавен уште на осми ноември 2017, што остава доволно време да се распише тендер за техничка поддршка.

За овој настан, кој сега за него е изненадување и не знаел дека ќе се случи па морало да направи интервентна набавка, во ноември минатата година Манчевски имаше и изјава, која беше пренесена од Државната новинска агенција МИА, во која кажа дека Македонија поради своите заложби и лобирања добила можност да организира ваков настан.

-Заложбите на оваа Влада не се да работи сама, туку заедно со сите засегнати страни. Токму заради ова, при подготовка на концептот за лобирање Македонија да биде домаќин на првиот Дигиталниот самит, ги вклучивме и претставниците на бизнис секторот, универзитетите и граѓанските организации кои работат во областа на информатичкото општество. Нивната поддршка ни е од големо значење, истакна на осми ноември лани министерот Манчевски.

Изјава, за настанот кој сега ги изненадува и станува „крајна итност“ тогаш дал и Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Уверен сум дека ќе бидеме добри домаќини, познати сме како добри домаќини. Да се надеваме дека овој самит ќе донесе свежи шанси и просперитети за дигиталниот свет, рече лани Никола Димитров.

Парите ги добила компанија со сомнително минато и кривични пријави за управителот

Една од компаниите кои во четири очи ги добиле парите од МИОА е Панекс од СКОПЈЕ, која во минатото беше теретена за кривични дела “Даночно затајување“, “продолжено кривично дело“ и “Помагање“.

Во првиот случај, беше поднесена кривична пријава е поднесена против З.П. (45) од Скопје, управител и сопственик на агенција за маркетинг комуникации “Панекс“ Скопје и Б.Н. (41), како и против правното лице “Панекс“.

Имено, како што тогаш информираше финансовата полиција, во периодот од 2007 до 2009 година, Б.Н. по претходен договор со З.П. изготвувал фиктивни фактури кои го доставувал во фирмата “Панекс“ иако не постоел должничко доверителски однос, при што од банкарската сметка на фирмата на фирмите “Комител“ и “Ферум Ко“ биле префрлени околу 260.000 евра. Тие средства без да бидат оданочени, во целост биле подигнати во готово на име дневници и трошоци од страна на пријавениот Б.Н. и по претходно договорена провизија се вратени на З.П.

Меѓународен Скандал: Настанот е на Европската Комисија

Ваквото незаконско делење на пари во четри очи за настанот Дигитален самит за Западен Балкан претставува меѓународен скандал, затоа што на самитот кој што ќе се се одржи на 18 и 19 април ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите од регионот и земјите-членки на ЕУ, кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија и од Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, на форумот учество ќе земат и претставници од ИТ индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати за дигиталната платформа за размена на идеи и предлози.

Настанот е се одвива под капата на Европската Комисија, што ќе создаде дополнителен проблем за Македонија, ако се знае дека ЕУ е крајно внимателна и транспарентна во делот на јавните набавки и скоро никогаш не се случува да се доделат пари на ваков начин, во четири очи.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *