Малку сте!!!

Избоден Чкембар, #МВР пак ќутат ко пизди! Два рефрена поттикнати од гнев и револт на Мечкин Камен 3 дена главна вест на сите портали и телевизии.
Труете медиумски со сатанизирање на се што има Македонски карактер и природа. Војувате против своите. Луѓето во вас препознаваат зло и заеднички непријател. Ги обединивте навивачите.
Ги зближивте Македонците без разлика на партиски обележја и идеолошки погледи од минатото и кон иднината.
Ги споивте Илинден 4 и Шарените.
Со сите свои мани и апокалиптична природа што ја носите, ненамерно одигравте за народот. Не обединивте за последната битка која е од круцијално значење за опстанокот и иднината на Македонија.
Која е смислата на парите и моќта кога не можеш меѓу своите да излезеш и да ги уживаш а да не бидеш исвиркан и исплукан?
Каква е таа слобода во која мораш постојано да се вртиш околу себе знаејќи дека со својата појава предизвикуваш колективен нагон за повраќање на местото на кое ќе се појавиш?
Мислите странците ве ценат?
Мислите дека некој паметен човек вистински цени луѓе кои немаат достоинство и почит кон себе и своето!?
Вие сте заробени луѓе. Да не можеш да бидеш свој на своето и слободен меѓу своите е страшно бреме и проклетија! Каменот на сопнување е обидот и нас да не вметнете у рамката на робовласништво.
Може да праќате бодачи, апсите, тепате, претите, запленувате и угнетувате. Тоа е ваше… Тоа е една од ретките работи во кои сте добри и тоа морам да ви го признаам со стоечки овации.
Наше… Е наше е да ви го исполниме најголемиот страв и предизвик пред кој сте исправени и воедно си ја заштитиме татковината!
Предизвик пред кој од самата помисла на неуспех колената ви се пресекуваат а грлото ви пресушува.
ДА НЕ ИСПОРАЧАТЕ РЕЗУЛТАТИ!
Да не ве ишутираат истите оние кои сега ве силат и пружаат само привремена заштита.
Нашата борба допрва претстои и ќе бидете прегазени пред налетот на бојкотот за кој сте свесни дека јакне се повеќе со секој изминат ден.
Секоја глупава постапка и акција само ќе го засили отпорот и ќе ви донесе повеќе дигнати средни прсти на 30ти септември!
Не сте вие криви. Не ве спремија доволно.
Страшно не потценивте и сега берете скапани плодови на странското ГМО семе што го посеавте на Македонска света почва исполнета со Пиреј!
НатоФест БОЈКОТИРА!
Мечкин Камен БОЈКОТИРА!
МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА!!!

 

Пишува за СВЕСТ.мкИвица Китановски