Македонците во Нов Зеланд, Словенија и Данска маршираа против промена на името и двојазичност (видео)

Македонците во Нов Зеланд, Словенија и Данска денеска и вчера маршираа за заштита на македонскиот идентитет, јазик и име, како и за поддршка на унитарноста на Република Македонија.

Протест на македонската дијаспора во Нов Зеланд 10.02.2018 година

 

Активистите од движењето #НиеСмеМакедонија бара од владата на Република Македонија веднаш да прекинат секакви разговори за нашето единствено уставно име што ги води со Грција, и укинување на секоја можна понатамошна процедура на противуставниот закон за употреба на јазиците во собранието по ветото на претседателот Иванов.


Македонците ширум светот, велат од движењето, се интегрален дел од татковината и се мостот за иднина на Република Македонија и нејзиниот напредок. За нецел месец од формирањето на движењето организирани се вкупно 35 протести ширум светот.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *