Македонството

Поради наметнатата политичка еквилибристика во односите меѓу етносите и за да се задоволат аспирации за политичката промоција на политичките партии од албанскиот блок има многу намерно исфорсирани нејасности околу суштината на „македонството“. Дотолку повеќе што во албанскиот политички блок се поставуваат и радикални барања. Притоа поставките за „македонството“ стануваат замаглени во однос на македонскиот карактер на нацијата, државата и културата. На таков начин создавањето на македонската нација и држава, како остварен природно-правен и историски процес, во најмала рака се проблематизира. Иако нивното преобразување никако не може да се бара да се изврши „по демократски пат“. Затоа што тоа одново мора да биде објективен, оправдан, историски процес.

Постотокот, кој и не е реален, на Албанците во населението не може да биде оправдување за да се предочуваат радикални барања. Затоа што остварливите  барања единствено се можни во рамките на определувањата во европската легислатива. Како малцинство, какво претставуваат во нашето општество, ги уживаат малцински права пред сé во културна смисла. Малцинските права не навлегуваат во промената на карактерот на македонската држава и нација како и на создавањето македонска култура.

Иако има и незнаење постојат намерни дезориентации за македонството. Идентитетот се настојува да се претстави како чувството на човекот и како негова внатрешна состојба. Сака да се изнегира дека идентитетот е природно да се манифестира и потврдува со надворешни и политички и културни ознаки. Па одредбите на Преспанскиот договор за негирање на македонскиот карактер на  политичките и културните институции се сака да се претстави како неидентитетско прашање.

Онака како што, своевремено, комунистите, проследувајќи го сталинизмот, и нивните наследници, заобиколувајќи го антрополошкиот поглед кон народот, идентитетот го поистоветуваат со нацијата остварена со политичкиот систем. Инерцијата постои и во денешното отсуство на приоѓање кон идентитетот на народот и потребата да се навлезе во неговото вистинско разоткривање и афирмација. Како би се разоткрило она што народот го носи како афтентичност во себе и како вистинска разлика од идентитетите на другите народи. Што, во својата суштина, е вистинското творештво.

Политичкиот естаблишмент е оној кој токму тоа треба да го разбере, прифати и да го овозможи. Ако кај Унгарците тоа го остварил композиторот Бела Барток; кај Германците Р. Вагнер; кај Македонците, во најново време, С. Трпчевски, како и во минатото Кочо Рацин и Б. Конески, во македонската поезија, К. Мисирков во пледоаето за македонската нација, К. Кепески во изградбата на македонскиот јазик.

И затоа стануваат смешните неразбирањата кај Денко Малески, Т. Десковски, Н. Ружин, бранејќи ја актуелната политика од некаков, само за нив разбирлив, поглед на стоалиштето на 21 век. Потпаѓајќи истовремено под влијанието на празниот позитивизам од Запад во што нема длабочина. Површинскиот однос кон објективноста со „жабечка перспектива“, сведувајќи се на утилитаризам, на купи – продај релацијата. На квантитивните релации, а идентитетот не е нешто што може да се поврзи со квантитет. Идентитетот е афтентичност. Тоа убаво го објаснува Крсте Мисирков повлијаен од антрополошкиот приод кон народот на значајниот руски филозоф, Берѓаев. Со негацијата на антрополошкиот приод во наредниот период меѓутоа загубена духовноста на македонскиот народ како и за потребата за духовност и за култура со македонски предзнак. А толку суштински за означувањето на творештвото кое го изразува идентитетот на народот и ја оформува свеста за неговата посебност и понатамошен развој .

Еве неколку мисли кај Крсте Мисирков кои се однесуваат на идентитетот на народот од книгата „За македонските работи“: „Автономијата на Македонија има смисла само ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта. Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот е важната причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија“; и уште: „Јазикот на еден народ е неково духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со кои што има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго“.

Културата во Македонија не може да биде конгломерат на етничките придонеси бидејќи, живеејќи во истите социјални услови, македонската култура е одлика. Тука влегуваат уметноста, архитектурата, науките, вредностите, начинот на живот, исхраната, практикувањето на политиката и друго. Специфичностите на етничките придонеси остануваат но тие во македонската култура никако не се недопирливи помеѓу себе.

 

Јованка Кепеска