Македонска МАСАДА – ТВРДИНА, БЕДЕМ И ШТИТ(2)

На зол трн, зла копачка
Димитар Миладинов

Само што македонскиот народ помисли дека конечно ќе ги остварува своите креативни потенцијали во оваа демократска заедница, еве ти ги новите искушенија. Овој пат тие се и однадвор и одвнатре и работат на уништување на македонската држава и народ. На македонскиот народ му претстои драматична иднина, му претстои борба за својата слобода и достоинство, повторно. По којзнае кој пат треба да се соочиме со уништувачката закана, со бессовесноста на моќните и предавството на ситните марионети кои се накотија како црви меѓу народот. Тоа се малодушни и малоумни одродници, кои клонат кон бесперспективна и срамна покорност, кон понизно прифаќање на диктатите. Тоа се МАКЕДОНСКИТЕ ЦРНИЛА. Црнила кои сакаат да ги поништат простумните рефлексии на македонското национално битие. Тоа се препрочитувачите на славната македонска историја, суредувачите на новоговорот орвеловски и неговото вметнување во нашиот образовен систем, и прекројувачите на македонската географија и територија. Силите што го реализираат овие срамни дејствија се домашни – домашни кукли и марионети. Рибари на нашите души, кои не набедуваат на себепредавство. Да се самоукинеме. Тоа е слепило, умствено слепило. Безумие. На креатури во нови одежди, со нови сурати, ама со стара, добро позната, зла намера. Против македонската држава, против македонската нација. Ни го одземаат суверенитетот на државата, ни го бербатат интегритетот на нацијата. Според наговор и диктат на режисерите кои пак се иноземни, туѓинци. Душебрижници и недобронамерници, кои не и мислат добро на Македонија.

Биди штит на НАЈСВОЕТО, НАЈСВЕТЛОТО И НАЈСВЕТОТО! – ИМЕТО МАКЕДОНИЈА