Македонска МАСАДА – ТВРДИНА, БЕДЕМ И ШТИТ(1)

Сите ние сме Македонија.

Македонија не постои надвор од нас самите.

 Во историјата на народиве на планетава има такви херојски настани што со својата емоционална и морална сила прераснале во национални митови. Тие митови за големата жртва на хероите произлезени од народот станале светилници на националната кауза се до создавање на национална држава. Ваков херојски подвиг уште од стариот век е оној на Леонида и Спартанците кога испогинаа кај Термопилите бранејќи  ја татковината од персиската инвазија. Големата жртва на Зилотите кои се дигнаа против римското ропство на Израилот и испогинаа на упориштето Масада каде овие херои ја бранеа својата татковина од непријателот, стана мит кој со векови ја одржуваше идејата за израелската држава. Дури и кај оние нации од новиот свет како американската имаат херојски национален мит кој го вообличуваше нивниот патриотизам со чинот на големата жртва на бранителите на Аламо пред непријателот. Митот за американскиот херој Дејви Крокет е токму производ на овој драматичен историски момент. На почетокот на 20от век во Македонија е создаден националниот мит за хероизмот на востаниците од Илинденското востание во кое круциален момент е саможртвата на бранителите на Крушево кај Мечкин Камен под команда на војводата Питу Гули. Овој херојски чин е есенцијата на македонското револуционерно и востаничко минато. Тоа е тој непоништлив и вековен ПРОСТУМ. Тој инспирира, дава сила, обврзува. Оваа херојска жртва и многуте други од Илинденската епопеја и славната и победничка НОВ, од 1941 до 1944 година, заедно со АСНОМ, станаа парадигма за НЕПОКОР и митска мотивација за дејствување во насоката на создавање на македонската држава.

Биди штит на ИДЕНТИТЕТОТ МАКЕДОНИЈА!

Македонски НЕПОКОР