Македонизмот како лек за бугарскиот расизам /Македонизмот како Verum Ipsum Faktum/

Вистината е самиот факт-

Во фактите е вистината

Македонизам е македонска филозофија која ги создала и ги негува фундаменталните принципи на разбирање и севкупното постоење на човековото битисување(на Македонците) на територијата Македонија и државата Република Македонија.

Македонизам е организиран систем на дејности заради сваќање, оценување, структурирање и разрешување на сите вредносни појави и процеси со една единствена крајна цел – позитивно осмислување  и облагородување на животот на луѓето.

Македонизам е творечки и создавачки процес – градителски процес. Тоа се познатите македонски зографи, резбари и сликари кои твореле со цел да го зачуваат и овековечат името Македонија и Македонци.

Македонизмот е севкупност од еманципаторски идеи, акциони пораки и револуционерни дејствија на македонските творци и создатели(учители, попови, преродбеници, револуционери).

Македонизам е негување и понатамошно развивање на палеолингвистиката, писменоста и карпестата уметност, од страна на македонските селани, граѓани, феудалци, интелектуалци и културни дејци. Македонизам е негување на духовното, културното, научното и сето друго наследство на Македонците и Македонија.

Македонизам се славните имиња, преродбеници и револуционери, народните умотворби, театарот, писмото, науката, филозофијата, религијата, музиката и уметноста. Без разлика што македонизмот како филозофија на добра волја, се до 1944 година, не можел да биде вграден во државните институции на Македонија, сепак овој концепт во суштина опстанал и се изразувал во животот, обичаите, културата и традицијата, на Македонците – како концепција на доброто и добрината.

Фундаментот на македонизмот е древното име Македонија и добрата позитивна волја на Македонците. И да се знае – македонизмот не е насочен против Другиот. Само очекува да биде препознаен од другиот. Јасно како чиста и бистра изворска вода. Просто како Тркански грав.

Еј, дечки! Да, да, вие “европејски“ Б’лгари, каде бе тука гледате расизам?

Ништо страшно! Проверете се кај специјалист да не сте далтонисти. Побарајте и помош од ветеринар, да не случајно имате кокошкино слепило. Ништо од тоа!? Епа, тогаш, 100% сте тапаѓози.

 

Сотир Костов

 

П.С.

 

Значи, македонизмот не е наметнување на политичко влијание кај нашите соседи во чии државни граници  денес има не мали делови од географската територија на Македонија…И да, македонизмот не се коси со ниту една определба на општествените и политиките сили во Македонија и не е против вклучувањето на Македонија во замисленото богатство на европската цивилизација на различности. Впрочем, македонизмот е нешто поразлично од Другиот. Но, не и против другиот. Колку да им биде јасно на некои дипломати-колумнисти.