Лажни револуционери , шарени лаги

Неговиот лик беше достоен за оној на некој  скитник. Како да беше голтнат од  шумите на морското дно, изгубен во остатоците од шарениот,монструозен свет каде што самиот тој беше чудовиште. Беше сам, на својата страна од дебатната маса. Без звук, без ефекти, со камерите вперени во неговите лаги. Изгледаше како да дознал дека за него , минатото беше мртво, иднината беше незамислива.  Ние од другата страна на екраните го препознавме неговиот поглед . Беше тоа поглед на човек соочен со вистината. Човек кој штотуку сфатил дека оклопот од стакло искален со лажен мир и правда  на неговата револуција нема да издржи засекогаш. Неколку секунди подцна се случи очекуваното. Избезумен Сашо Тасевски го напушти интервјуто на кое беше натеран да се соочи со перфидноста на Шарената Револуција од која беше дел. И додека камерите го следеа неговото ненадејно заминување од интервјуто кое го предводеше Васко Ефтов, нацијата на социјалните мрежи со големи букви одекнуваше со зборовите ЦАРОТ Е ГОЛ !

Во триесет и шестата минута од емисијата Во Центар со Васко Ефтов, додека маските на носителите на Шарената Револуција паѓаа, Македонија беше затекната од бесни бранови на  на една долго очекувана  вистина. Интервјуто во кое гостуваше Сашо Тасевски, сегашен директор на Драмскиот Театар,   во својот домен ја опфати Шарената Револуција, доаѓањето на власт на Социјал Демократскиот Сојуз, настаните во Скопје на 27ми Април, нелегитимното избирање на претседател на Собранието, Тиранската Платформа која до неоддамна се негираше, законот за двојазичност и спорот за името на Македонија.

Додека Ефтов се обидуваше дел по дел да ги поврзе едена со друга гореспоменатите теми, Тасевски аматерски ги избегнуваше поставените прашања,особено оние кои бараа од него да ја објасни целта на Шарената Револуција од која тој беше дел.

Претходно во интервјуто тој неуспешно проба да ги одбрани своите ставови кои беа принесени пред јавноста од неговите социјални мрежи. Некои од зборовите напишани од Тасевски тврдеа дека Американската Агенција за Разузнавање- ЦИА е вмешана во стапувањето на власт на Зоран Заев, а Македонија како “слаба држава” само игра по нотите на големите политички  играчи.

“ Смилковско езеро според вас е направено од извршители Албанци, платено од пари на одредени моќници со цел да се принуди Македонија да го смени името, а владата на Заев и Ахмети  е направена под покровителство и со интервенција на ЦИА “ му се обрати Ефтов на Тасевски пред да ги прочита неговите објавени Фејсбук статуси во кои тој тврди дека интервенцијата на ЦИА е таа која ја тргнала од власт ВМРО ДПМНЕ и главен актер во настаните кај Смилковско Езеро и подоцна кај  Диво Насеље.

“ЦИА неколку пати прави дестабилизација во Македонија и формира влада помеѓу Заев и Ахмети. Зошто ? За да го смени името ? Тоа ли е она што се обидувавте да ни го кажете пред да станете директор на Драмски Театар а сега од истото се плашите ?  Ако се ова е дело на ЦИА, тогаш кој ни гарантира дека настаните на 27ми април исто така не се дело на ЦИА?”праша Ефтов

Иако Тасевски вешто го прескокна одговорот тврдејќи дека спорот со името е вековен проблем кој треба пополека да се реши, и дека политичките номенклатури во Македонија секогаш добивале помош од странските служби, секој би ја препознал лагата испрскана на неговото лице кое сега се преливаше во неколку нијанси на црвено.

Во својата следна објава Тасевски и се обраќа на Македонија тврдејќи дека истата ќе се распадне за десетина години.

Според него Македонија ја чекаат многу тешки години доколку не се држи до сојузникот кој според него е САД. На ова Ефтов го запраша дали вистински сојузник, сојузник кој ви мисли добро на власт би донел партија која непрашана вели дека е спремна да го смени името на државата?

Ние немаме нафта, ние немаме море, немаме гас, ние имаме само гордост. Нам ни останува само уште тоа што сме Македонци- потенцираше Ефтов пред да го претстави клучниот момент кој ја фрапира целата нација.

Тасевски го  напишал и  следново врз база на протестите за ослободувањето на уапсените во случајот Монструм на  11мај 2012 : Прво за медиуми изјавуваш дека си за соживот (мислејќи на Албанците кои протестираа)  а потоа во толпа скандираш Етничка Албанија и УЧК.

Станува јасно како неговите ставови во однос на политиките се разликувале зависно од луѓето кои биле на власт и всушност Шарената Револуција е базирана врз обични двојни стандарди. Се она за кое што Тасевски ја обвинува владата на ВМРО ДПМНЕ, сега е направено од владата на СДСМ.

Двојните аршини беа очигледни и понатаму во интервјуто каде Ефтов истакна дека Тасевски претходно го опишувал Талат Џафери како дезертер и ја обвинувал владата на ВМРО ДПМНЕ за одлуката Џафери да биде министер за одбрана.

  

Со овие објави јасни се ставовите и незадоволството од Тасевски кон функциите кои му се доделувани на Џафери. Се додека Џафери не е предложен како Претседател на Собранието на Република Македонија. Во следната објава , очигледна е неинспирираноста на Тасевски во критиките кон можната нова функција на Џафери.

Треперење и тишина- единствените два индикатори дека Тасевски и неговата појава не беа дел од некој телевизиски ефект . Немајќи зборови да состави уште една лага Тасевски го напушти интервјуто пред камерите.  Маските паднаа, завесата се спушти. Шарената Револуција во режија на Тасевски и останатите кои сега делат слични државни функции и работни места се најде на врвот на листата на критики на социјалните мрежи. Разоткриена на сцената со куп  шарени лаги , револуцијата неславно се обои  во црно.

Многумина од оние кои беа дел од Шарената Револуција,  бесрамно и без грам достоинство, гордост, почит  спрема сите оние жртви  и револуционери кои го дода својот живот за слободна суверена и независна Македонија  фрлаа со боја и ги исшараа сите споменици и институции низ државата. Наместо да им се поклонуваат  тие ги обоија. Од оваа временска дистанца некои од нив веке се покајаа. Дел од нив беа изманипулирани, дел од нив за добар хонорар дивееа по улиците  но добар дел од нив како Сашо Тасевски знаеа што прават и си фарбаа за добра функција. Сите заедно дел од една агенда искористени за туѓи цели дел по дел откорнуваа од идентитетот на земјата нејзината душа и достоинство. Еден од оние кои имаше слична енергија како што самиот вели со Шарените  револуционери е и актерот колумнист, политички аналитичар  и стенд ап комичар  Сашо  Тасевски . Тој многу добро го опиша својот став со погрдни и срамни зборови за време на неговиот говор пред влада на протестот за хонорарите.

Денес кога веќе ја доби фотељата и стана  директор на Драмски Театар во Скопје   јасно е за што   беше  целата борба. И токму затоа на него и сличните како него не им е простено. Тој на еден дрзок и несвојствен начин  на комуникација за еден актер и личност која би требало да е дел од интелегенцијата во општеството, со еден куп навреди клетви  и пцовки се обрати кон тогашната власт и поддржувачите  на истата. Од оваа дистанца слободно може да се каже дека врвот е всушност дно.

Тасевски соочен со сопствените двојни стандарди со сопствените лажни принципи  во двобој со реалноста за неговата тогашна борба  во емисијата на Ефтов конечно раскрсти со шарените лаги кои пукнаа како меурчиња од сапуница. Неговата борба и шарените лаги доведоа до тоа да се инсталира една хунта која за краток временски период ја уназади Македонија  на економски план ги распродаде државните и националните интереси за конечно на крај како јаготка на шлагот да се обиде да и ја продаде и душата на Македонија односно името.    Ваквото соочување и констатација дека Шарената револуција не само што не донесе живот, правда и мир  во Македонија туку го донесе спротивното  и откако се соочи со фактот дека  Шарената Револуција  е всушност револуција за промена на името тој замолкна.

Во тој молк и замрзната слика од 5 секунди не само што тој немаше што да каже  туку се чини на момент тој во духот на христијанството доколку е верник требаше да се покае.

Царот е Гол ! Да така е,  но веќе денес тој повторно неговите фрустрации и неспособност ја покажа на дело преку својот Фејсбук статус со навреди кон водителот кој како и секој добар и независен новинар успеа да го скрши преку методот “со свој камен по своја глава”

Како кула од карти се распаднаа сите шарени лаги.  Впрочем  како и се што не е основано на цврсти темели вистински вредности и принципи.

Пишува : Бети ПОУП

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *