Ковач од Барса го носи првото засилување за Баерн Минхен

Хрватскиот стратег Нико Ковач доби огромна доверба од раководството на Баерн и ќе го наследи Јуп Хејнкес на клупата на Баварците.

Од Ковач се очекува да ја продолжи успешната серија на Баерн во Германија, но и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони. Германските медиуми тврдат дека Баварците ќе му одобрат солиден буџет за летни засилувања.

Прв на листата желби на Ковач е неговиот сонардоник од Барселона, Иван Ракитиќ. Тој одлично го познава германскиот јазик и лигата бидејќи настапуваше за Шалке, па Ковач смета дека би бил идеално засилување за Баварците.

Барса не размислува за продажба на Ракитиќ, но во случај на добра понуда спремна е да преговара и веќе бара негова замена.

Ракитиќ веќе има 30 години, а Каталонците се спремни да го подмладат тимот и како замена за Хрватот се споменуваат Кристиан Ериксен од Тотенхем и Миралем Пјаниќ од Јувентус.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *