КОРОНАТА, ЕКОНОМСКАТА И ЗДРАСТВЕНА КРИЗА

Економската криза поради пандемијата на корона вирусот, почнува да се распространува, а нејзините негативни ефекти од есен ќе почнаат да се чувствуваат.
Сите преземени мерки беа во насока на популизам и изборна трка. Странските инвестиции се во мораториум, а оние кои функционираат се со намален капацитет и работна сила. Глобалната економска криза ги погоди европските држави кои и пред кризата беа во рецесија. Светската економија е пред глобална рецесија со неизвесен резултат. Ваква криза во светски размери не се памети во поновата историја која е специфична и може да се каже дека повеќе е општествено-социјана, а помалку економска.
Македонија како дел од Европа ќе биде соочена со влијанието на кризата. Без визија и мерки може да дојде до колапс на економскиот и здраствен систем.

Токму поради овие посочени факти потребно е стимулирање, субвенционирање на домашните компании, со цел зголемување на капацитетите и производството на домашните производи.
Понатаму, потребна е помош во земјоделијетео за да се дојде до поголеми и квалитетни приноси.
Исто така, потребна е обука на медицинскиот кадар за работа во црвени, жолти, зони во ковид болници. Овде би се ставил акцент и на опремување на постоечките здраствени капацитети како и отворање на НОВИ КОВИД БОЛНИЦИ ВО НАПУШТЕНИТЕ КАСАРНИ НИЗ ДРЖАВАВА.
Под итно е потребно да се направат субвенции слични на странските инвестиции, се со цел, враќање на иселениците и нивно вложување на капиталот во својата матична држава.
Пандемијата е насекаде околу нас, имаме мошне тежок и невидлив непријател
ПОТРЕБНА Е ОБНОВА ,ОБНОВА НА. МАЈКА МАКЕДОНИЈА

М-р Боби Бојчевски