Конгресменот Мичел и сенаторот Биеда со поддршка за зачувување на уставното име на Македонија

Конгресменот од Мичиген, Пол Мичел (61), член на Републиканската партија и на Конгресната група за Македонија и за Македонците-Американци, се обрати на денешниот мирен собир во предградието на Детроит, каде што изрази поддршка за аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, но и за правото за самоопределување на Македонците.

Пред македонската дијаспора се обрати и сенаторот Биеда кој истакна дека секоја држава има право на самоопределување и на сопствен идентитет, како и дека  има право да си одбере свое име.

На собирот организиран од Македонско-американска студентска асоцијација (МАСА) присутните гласно кажаа НЕ за преговорите за името на Македонија и за идентитетот.