Компанијата „Тесла“ назначи нов Шеф на Одборот на директори

„Тесла“ ја назначи Робин Денолм за нов претседател на Одборот на директори на компанијата Тесла. Функцијата беше испразнета откако Елон Маск беше принуден да се повлече од позицијата поради спорот што произлегол од неговите 420 твит постови, во кој тој тврдеше дека обезбедил финансирање за да ја приватизира компанијата Тесла. Бордот го тужеше Елон Маск, нарекувајќи го неговото тврдење “лажно и погрешно”. Елон Маск подоцна се согласи да се повлече од местото и да плати парична казна од 40 милиони долари.

Коментирајќи го огласот, Маск кој ќе остане извршен директор на компанијата, рекол:

– „Робин“ има долгогодишно искуство во технолошките компании и автоиндустриите, и таа има значајни придонеси како член на Одборот на Тесла во текот на изминатите четири години, помагајќи ни да станеме високо профитабилна компанија … Со нетрпение очекувам да работам уште поблиску со Робин, додека продолжуваме да забрзуваме доаѓањето на одржлива енергија.“

 

Робин Денолм е член на одборот на Тесла од 2014 година, а исто така била Главен финансов директор на Телстра, главен австралиски оператор за телекомуникации – улога што ќе ја напушти со цел да ја заземе позицијата во Тесла со полно работно време. Таа, исто така има значително искуство во работењето во Силиконската долина и во автомобилската индустрија, имајќи бројни финансиски позиции во Сан Микросистемс, Џунипер мрежата и Тојота, каде што служела седумгодишен мандат.

„Верувам во оваа компанија, верувам во својата мисија и со нетрпение очекувам да им помогнам на Елон и тимот на Тесла да постигнат одржлива профитабилност и да возат долгорочна акционерска вредност”, изјавила Робин.

Тесла е компанија инцијално формирана во 2003-та година како Тесла Моторс се до 2017 та година откога го носи името Тесла. Главните области на компанијата на пазарот се автомобилската индустрија (посебно возилата на електричен погон) и делот на складирање на електрична енергија. Компанијата со над 75.000 вработени, има удел во продажбата од вкупно над 100.000 електрични возила, а севкупните приходи на надминуваат 11 трилиони долари за 2017 година.