Колумна: Подземна Република на ВМРО

ВМРО постоело многу пред нас, но и ќе не надживее сите! ВМРО е подземна Република, ВМРО се четирите свети букви на МАКЕДОНИЈА, корен и ДНК код на секој МАКЕДОНЕЦ. Зошто го кажувам ова? Ќе го земам периодот од 30 септември до денес. Точно еден месец… Месец испреплетен со многу чудни случувања и игри. На светиот ден 30ти септември оваа година МАКЕДОНСКИОТ народ јасно и гласно кажа нé на оваа губитничка и квислиншка влада односно на капитулантскиот договор од Преспа. Тој се само организира и го бојкотираше однапред наместениот референдум за помена на името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Симнувам капа на моите другари и пријатели кои не излегоа да гласаат на 30ти септември. По неуспехот на референдумот, деновите на оваа предавничка власт беа броени и полека заминуваа. Тоа беше се до моментот кога нелегитимното парламентарно мнозинство реши капитулантскиот договор од Преспа да го протурка без поддршката од народот. Тоа го прави со поддршка на сите тие надворешни, но и најлошото, сите внатрешни структури кои никогаш не биле МАКЕДОНИЈА. Дојде и денот кога МАКЕДОНСКИОТ народ беше продаден од тие 80 пратеници во МАКЕДОНСКОТО Собрание. Најлошото е тоа што беше продадено од тие 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои нанесоа голема болка пред сé на МАКЕДОНЦИТЕ, а потоа и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше удар од невиден и неочекуван размер. Навистина не можам да ги разберам тие продадени и ситни души. Референдумот нели Ви беше доволен? Не Ви беше ли доволен показател дека на оваа влада и се кратки деновите? Епа знаете што направивте? Им го продолживте животот… но не за долго… Само да знаете.. Парите што ги земавте на гробот ќе Ви тежат! И со тоа што бевте уценувани повторно ќе излезе на виделина. А останатите немојте да мислите дека нема да си лежите.

По тешкиот пораз на оваа битка ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи сите тие пратеници, почнувајќи од екс министерот за култура Елизабета, пратениците Крсто, Емилија итн итн. И џабе ако гласале, повторно ќе бидат бидат судени… Крсто пак ќе оди во затвор, на Емилија (братучетката на Сашо) парите ќе ги профуцка нејзината ќерка, која меѓу другото не знае ништо освен да се прчи… и еднаш за секогаш треба да ни биде јасно! Доста ги бутаме и ги величевме сите тие кои ни го забија ножот во грб… доста ги товевме со пари и со тендери тие ненаситни гниди, но и да прекинеме да ги товиме овие кои се останати и кои уште ги интересираат само пари и пари и пари. Најголемата грешка на Никола Груевски беше таа… но најголема грешка е и на Христијан Мицкоски што едните ги тргна, ги остави другите да цицаат за сопствени интереси, а да заборават, пред се, на МАКЕДОНИЈА но и на ВМРО! Тргнете сé што е штетно, сите кои работат против ВМРО, тие што прават кланови внатре… и да, не мислам на овие што ги исклучивте или тие што си поднесуваат оставки туку од моменталните органи и тела и вршители на функции, за да тргнете напред. Имате доста чесни и работливи луѓе внатре кои искрено ќе работат, а не да Ве гледаат како „доларче“ од кој ќе лапаат пари и функции.

Исклучувања од партијата имаше уште неколку на поранешни функционери, кои знаеме сите дека работеле со странски инсталации во државава и оделе самите против себе, односно против МАКЕДОНИЈА. Времето врвеше… Во МАКЕДОНИЈА дувнаа лоши ветрови! Уште пред некое време, односно на денот на предавничкото гласање во Собранието имав некое претчувство дека кога ќе се гласаат уставните измени нема да бидат 80 пратеници, туку ќе бидат минимум 83 кои уште толку ќе го заринкаат ножот во ВМРО-ДПМНЕ. Поминуваа саати, денови и дојде моментот кога претседателката на Унија на Жени си поднесе оставка од функцијата! И да не се лажеме сите знаеме како е станата Претседател на Унијата на Жени. На 19ти октомври мислев дека ќе биде една од тие што ќе крене рака и ќе гласа ЗА во Собрание! Помислив дека згрешив, но не за долго. По оставката, госпожата беше на гостување во ТВ 24 каде целата растревожена кажа колку она плачела затоа што не гласала во Собранието и колку се кае за тоа… Даниелче само да знаеш со тоа што те уценија, кад тад ќе излезе во јавноста и сите ќе ти се смеат и ќе лепат плочки! И немој да мислиш дека чесните жени по Општинските Комитети те сакаа и почитуваа, и немој да мислиш дека не лажеш ако кажеш колку си била почитува… се лажеш себе си!!! Почнувајќи од „твојот“ двор т.е. ИК на УЖ, вработените во Белата Палата но и членовите за кого ти требаше да работиш во нивни интерес, а не во сопствен. Ти само знаеше да функционираш со закани и вриштења на состаноци, а и многу добро знаеме колку фамилии имаш зацрнето затоа што ти вратиле или ти се спротивставиле благодарение на батето на бате. И ти најде нас да ни збориш за тоа како ова не било демократско ВМРО и да навредуваш и омаловажуваш. Жените плачеа од тебе… Нејсе, да продолжиме понатаму. Нели нормално по нејзината оставка следеа и оставки уште на неколку женишта кои ја растурија, поделија и разнебитија Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ. Но што е најинтересно, не направија раздор само во Унијата на Жени туку направија раздор во сите структури во партијата. На крајот фекалиите излегоа на виделина!

По оставката на Даниела, следеше оставката на Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски. Пред сé, ќе кажам дека беше работник, но сепак ќе останам на мојот став… Лука не требаше воопшто да биде избран за Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тогашна одлука на Претседателот беше таква и ја почитувавме. Очекував одлука на Лука за оставка од местото Претседател да биде барем некој ден подоцна. Се прашувате зошто очекував? Лука е поставен на функцијата што беше досега, благодарение на тетка му… Таа го буткаше, го правеше функционерче од мали нозе, го вработи во ПУИГ, а потоа стана и директор на „Службен Весник“. Да е жива и здрава тетка Елизабета Канческа-Милеска. Во меѓувреме Лука како директор на Службен весник е потписник и го легитимираше моменталниот претседател на Собранието. Тој стави потпис на указот и тој го објави во „Службен Весник“, а со тоа и го легитимираше Талат како Претседател на Собранието, иако беше избран со помалку од 61 пратеник, за после една недела тој да биде разрешен од функцијата директор. Но немам ништо против Лука како човек, работник е, весел е, дружељубив е, но затоа имам против „успевањето“ во нивните кариери благодарение на тато, мама, тета, бато итн. итн итн… Доста веќе со такви функционери, тие си работат само за сопствени интереси. И пак ќе кажам, такви се уште успеваат, а тие чесно што работат се бркани и деградирани од ваквите препотентни и намазани шмуглиња (ова се однесува на сите, а не само на досега наведените функционери) кои мислат дека ако добиле функција господ за муда го фатиле.

Еден мој пријател и колега, кој меѓудругото е врвен експерт во информатика, на еден состанок кажа „ДОШЛЕ ПИЛЦЕ, ПОЕБАШЕ КВАЧКЕ“, така и со функционерчињава од УМС. По оставката на Лука, нормално следеа и други оставки на членови на Извршниот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и претседатели на Општински Комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Тие „врвни“ политичари и политички експерти во своите неотповикливи оставки на социјалната мрежа на Facebook изнесуваа секакви причини. Една од најинтересните е дека ова било матно и мрачно време за ВМРО, па потоа како они имале притисоци, па како ВМРО-ДПМНЕ застранувало од целите и идеалите на партијата и што уште не. Пак ќе ја употребам фразата „ДОШЛЕ ПИЛЦЕ, ПОЕБАШЕ КВАЧКЕ“… Ајде по ред да почнеме! Што вие пизди од политичати т.е. функционери знаете што се мачни и мрачни времиња на ВМРО. Дали некогаш сте се нашле во таква ситуација или во тој период бевте од другата страна??? Дали знаете како е да немаш ниту еден пратеник во Собрание, како е да немаш ниту еден градоначалник или дали знаете како е да се дели

партијата и да се разнебитува секоја единка на структурата? Или пак, зборувам од личен аспект, како е да живееш и растеш сам додека родителите во тие мрачни времиња се бореле за МАКЕДОНИЈА и си ги гледал само доцна во ноќта кога ќе дојдат да те бакнат во спиење? Дали претходно немало мрачни времиња кога се бореле чесните и великодушните да нема полнења на кутии и фалсификување на избори и тоа во најдлабоки опозиции…. Епа едно ќе ви кажам НЕ ЗНАЕТЕ! Не знаете затоа што тогаш се ежевте од ВМРО-ДПМНЕ и ако некој кажеше дека е член, симпатизер или поддржувач на ВМРО бегавте од него како да има чума. И нé, ова не се црни денови на ВМРО-ДПМНЕ, ова се црни денови за вас, затоа што не дека ВМРО излегло од колосек од неговите стратешки определби и цели, затоа што ВМРО сега застанува силно зад каузата и идејата за што и постои, но ВИЕ тоа не го знаете затоа што никогаш до сега не сте биле ВМРО, туку сте биле во ВМРО само за функции и исполнување на личните интереси. И чисто да знаете да не се брукате пред јавноста со вашите смешни статусчиња за неотповикливи оставки, целите на ВМРО-ДПМНЕ се ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК И ДРЖАВА, и нели модерните работи како ЕУ и НАТО (подоцна ќе се навратам на нив) но пред се МАКЕДОНИЈА. Прекинете со тие лаги и дезинформации дека ВМРО не била демократска. И прекинете веќе еднаш да зборите за странско влијание односно за Руско влијание. Вие немате поим што зборувате. Вас само Ве интересираа сопствените цели, а сега смрдливиот г’з сакате да го исперете со измисленото Руско влијание. Ако некој си ги знае црвените линии и не е за промена на светото име МАКЕДОНИЈА, тоа не е Руско влијание… тоа момци, кои сте „врвни“ политичари и политички аналитичари се вика цврстина и решителност и тоа се основните заложби на ВМРО-ДПМНЕ. Ми се гади од таквите како вас. Маме и е*авте на МАКЕДОНИЈА и на ВМРО-ДПМНЕ! Ми се гади кога зборам за Вас! Дури денес сфатив дека Никола Груевски не само што се борел против цела багра на Бихачка, туку се борел и против внатрешните уфрлени структури, кои сакаа да погазат се само они да просперираат…

Бателете ги „новопечените“ ВМРОВЦИ кој успеаја на подмолен начин да ги истуркаат чесните и вистинските родољуби во нивна корист. Дали знаете една империја кога е најсилна? Таа е најсилна кога е во пад и кога е пред распаѓање… Барем обичните граѓани мислат дека тогаш е најсилна. Тогаш империјата покажува сила, односно удира по народот.. по сопствениот народ. Апси активисти и гласноговорници. Во помодерно време се прават политички хајки и се монтираат судски процеси. Се тепаат и убиваат луѓе за да ги заплашат останатите (почивај во мир Саздо). Секогаш некој друг им е крив за нивниот неуспех. Таква ни е и нашава влада. Но не само нашава влада туку и Европска Унија. Вчера прочитав како во Холандија се спремал некој закон во кој се пропишува казна затвор од 12 години доколку некој го спомне зборот Русија! Упорно цела погана западна машинерија преку медиумска пропаганда и терор врз народите не убедуваат за Руско влијание и обележуваат луѓе како русофили. Како Русија се мешала во изборни циклуси во државите итн итн… Ама ајде да се потсетиме на референдумот во Македонија, кои амбасадори, канцелари, премиери беа најгласни и агитираа за Македонија да си го смени името… слободно погодувајте нема да згрешите. Власта носи благодети но и голема одговорност, носи сила, но и огромна слабост. Денес си силен, но затоа утре си никој и ништо. И да си најсилниот секогаш ќе има некој посилен од тебе, ако не денес, тогаш утре. Кругот се врти, денес си горе утре си доле… Отворена порака до Христијан Мицкоски но и искрен совет до него. Расчистете со сите тие удбашки структури, расчистете со старите кои го водат ВМРО-ДПМНЕ во потоп, но расчистете и со сегашните структури кои лично вие ги имате поставено и Ви работат позади грб, тие ќе Ве лизнат… како бате што го направи тоа. Расчистете со сите стари структури кои на времето цицаа од Љубчо, па продолжија да цицаат повторно од Љубчо но од другата страна, па кога секна тоа продолжија да цицаат од Груевски и да биде уште

потрагично сега истите тие Ве цицаат Вас… Ве истоштуваат, но и истите тие Ве оцрнуваат пред лицето на МАКЕДОНЦИТЕ! Исчистите ги сите тие луѓе и повикајте ги луѓето кои со душа и срце ќе работат и ќе го обелат образот на ВМРО-ДПМНЕ!

Како за крај ДУШМАНИ ЕДНО ЗАПАМЕТЕТЕ, СМЕ ПОСТОЕЛЕ И ЌЕ ПОСТОИМЕ! Колку и да не тепате и мавате, колку и да не притискате и кошкате ние ќе изникнеме повторно и ќе Ве победиме. Македонија е мала но е полна со енергија и сила. Еден човек еднаш кажа Македонија е малиот Давид кој треба да се бори со големиот и страшниот Голијат. Но за тоа да биде уште по не фер и пострашно не е само еден Голијат против кој Македонија треба да се бори, туку има многу повеќе Голијати.

ЗАТОА МАКЕДОНЦИ НИ ПРЕОСТАНУВА ЕДНО:

Кога неправдата ќе стане закон, отпорот станува должност – Томас Џеферсон!