Како НАСА ќе бара нови планети во вселената?

Милиони светови се кријат во темнините на вселената, далеку од нашиот сончев систем. Ние не можеме да ги видиме, но за среќа, НАСА ќе направи напори да открие некои од нив со помош на новиот сателит наречен TESS.

TESS (скратено за Transiting Exoplanet Survey Satellite) ќе биде лансиран денеска. А многу очи се вперени кон него бидејќи тој е најголема надеж за пронаоѓање на нови светови и интелигентен живот во вселената. Кои се надвор од нашиот сончев систем.

„TESS е нашиот скаут. Со него одиме на патување на вселената без притоа да знаеме што не очекува таму“, вели научникот Наталија Гуереро.

TESS ќе го истражува небото и ќе бара мали зраци светлина од ѕвездите додека планетата поминува помеѓу сателитот и ѕвездата. Планетите ќе бидат откривани на тој начин што ќе направат мало затемнување на ѕвездата. А на тоа TESS ќе може да го детектира со помош на неговите супермоќни леќи. Овој сателит има четири камери кои будно ќе го следат секое движење во вселената. Претходно научниците направија шеми со сите познати ѕвезди на небото. А од NASA очекуваат дека околу илјадниците ѕвезди се наоѓаат по неколку планети кои TESS ќе ги детектира.

На TESS ќе му бидат потребни 2 години за да скенира 85% од небото во кое се наоѓаат повеќе од 20 милиони ѕвезди. Само мал дел од нив се дел од шемата која ја направи NASA, но TESS ќе може да ги детектира и оние кои не се дел од шемата. Севкупно, научниците се надеваат дека овој сателит ќе може да детектира околу 50 планети кои по големината се слични на Земјата.

TESS ќе ги фотографира ѕвездите на секои 2 минути, а ќе прави слика од целото небо на секои 30 минути, со цел да не пропушти дел од движењето на планетите или ѕвездите.

Крајната цел на овој сателит и неговата мисија е да пронајде планети кои се слични како Земјата. Според научниците, во темните делови од вселената се кријат голем број светови кои би можеле да бидат населени.

За графички приказ погледнете го видеото

„Не постои дел од науката кој може со сигурност да ни каже дали има планети во длабоката вселена, и дали тие можат да бидат населени. Но, наоѓаме нови планети каде и да погледнеме. Некоја од нив мора да може да биде населена“, вели ловецот на егзопланети на MIT, Сара Сигер.

Најдобриот дел од мисијата на TESS е тоа дека овој сателит ќе може да процени колку далеку од нас се планетите кои ќе ги пронајде. Камерите на сателитот можат да забележат светлина која доаѓа од ѕвезда оддалечена од нас дури 300 светлосни години.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *