Известување од Координативното Тело на македонската дијаспора од Европа

Координативно Тело на македонската дијаспора за протести – Европа известува:

Водени од универзалните елементарни и основни човекови права еднакви за сите народи во светот и загарантирани со Резолуцијата на ООН од 1948 година и меѓународните акти за заштита на истите, како и законите на меѓународното право, цивилизацијските норми и правата на слободарските народи ширум светот , соочени со флагрантно кршење, незаконско и насилно одземање на сите тие универзални елементарни и есенцијални права на македонскиот народ (Македонците дома и во светот), непочитувањето на меѓународните акти, меѓународното право од страна на политичките субјекти и владата на Р. Македонија, Координативното Тело на македонската дијаспора од Европа известува:

– Не признаваме, не прифаќаме и ја осудуваме секоја употреба на незаконски и силум наметнатото име „Северна Македонија“ и расистичкиот израз „Северни Македонци“ кога тие се употребуваат место Република Македонија и Македонците; – Не признаваме, не прифаќаме и ги осудуваме сите промени на имињата на македонските државни институции во Македонија, со кои наместо идентитетската придавка МАКЕДОНСКИ се вметна безидентитетската придавка „национални„ – Не признаваме, не прифаќаме и ги осудуваме сите обиди да се смени името на Македонската Православна Црква, вклучително и актуелниот обид да се избрише зборот„Македонска“ и да се замени со „Охридска Архиепископија“; – Не ги признаваме за легални и ги прогласуваме за „НЕПОЖЕЛНИ„, владата и сите претставници на илегалниот окупаторски режим, пред целокупната македонска заедница во Европа и итно бараме од опозицијата и сите политички субјекти во Р. Македонија : – Оспорување и поништување на “добрососедскиот “договор со Бугарија, тиранската платформа, преспанскиот договор со Грција , кои се склучени и вметнати незаконски и спротивно на Уставот на Р. Македонија и незапишани, непретставени пред парламентарните избори во ниту една партиска програма, за што се смета, дека се изврши колективна политичка изборна измама;

– Поништување на незаконските уставни измени, за кои согласност од мнозинството македонски народ не добија, бидеќи и на двата референдуми 1991 и 2018, македонскиот народ се изјасни против промена на име, идентитет и јазик и за самостојна и независна Р. Македонија – Го замолуваме Претседателот на Р. Македонија, Господин Иванов, под итно да испрати допис со кој ќе се оспори поднесеното барање од нелегитимната власт за промена на името во ООН, како и барање Р. Македонија се заведе како такво; допис до сите 137 држави кои веќе не имаат признаено со известување за насилното незаконско одземање на универзалните човекови елементарни права и се замолат во име на македонскиот народ да ни се обраќат со Р. Македонија и Македонци. По повод најавените претседателски избори, македонската дијаспора одбива да гласа на претседателските избори, поради: – фактот што власта е нелегитимна и некридибилна, – флагрантното кршење на законите и Уставот на Р. Македонија – бесправното и незаконско одземање на универзалните елементарни права на македонскиот народ, – фактот што овие избори ќе послужат пред меѓународната заедница исклучиво за легитимирање на нелегитмните уставните измени и делегитимирање на нашиот глас на двата референдуми, и го повикуваме македонскиот народ истите да ги игнорира, не излегува на гласање со што јасно ќе укаже на домашната и меѓународната комплетна светска јавност на сето партиско безаконие и самоволие.

Стои во соопштението на Координативно тело на Македонците за протести -Европа

11 ти Март, 2019 година, Лондон, Виена, Париз.