iPhone 13 mini ќе има поголеми камери на задната страна

Apple ќе понуди неколку новитети во серијата на премиум смартфони iPhone 13 особено во делот за камера, а добрите вести се дека тие измени ќе важат и за iPhone 13 mini.

Според откриените слики од iPhone 13 mini се дознава дека и овој модел ќе има поголеми сензори на главната камера на задната страна.

Модулот ќе биде составен од две леќи со дополнителни сензори за различни ефекти на зум и фокус.