„Иноваторите“ на посакуваниот „македонски експеримент“

Не постои, денес, човек во Македонија кој не е загрижен за сопствената егзистенција но и за егзистенцијата на македонската држава. Затоа и се јавуваат многу, главно, емотивни изјави, кои се критички но, во исто време, иако не понудуваат надминување на состојбата. Галиматијасот произлегува и поради несоответната политичка прагма која, јасно, не нуди разрешница за сегашноста. Консеквентно на константниот стереотип на СДСМ да нема релација кон реалноста и на стереотипот на партиите кои во својот предзнак носат албанско обележје со своето инсистирање на бескрајни, спротивно на европската регулатива, и единствено албански етнички барања, од една, и од друга страна, млакоста во политичкото противење на ВМРО ДПМНЕ поради опасноста партијата да биде прогласена како терористичка организација и да биде забранета.

Фактички на дело се две основни тези различно разбрани или, поточно, различно претставени, како за основа на македонското општество што, особено, токму спротивно, го проблематизираат развитокот на општеството, создавајќи дезориентација во политичкото дејствување.

Дотолку повеќе, токму за концептот на нашиот општествен развој е најпотребното спротивставување на ставовите и надминување на разликите.

Првото прашање за кое е потребно да се расправа е претставено во синтагмата „едно општество за сите“. Едни политички субјекти го подразбираат како рамноправност на етносите, другите како рамноправност на сите луѓе но, истовремено на со рамноправноста на етносите. Иако станува збор, исклучително, за правна еднаквост на единките во општеството,подразбирајќи ја единката без никакви други издвоени позиции, на пример, етничката… Секако, со оглед на значењата што ѝ се придаваат, ваквата синтагма е во политичка употреба заради здобивање на политичка наклонетост од определени општествени сегменти. Но, се создаваат и индиции за скриени планови што политичките елити имаат намера за да ги остварат.

Расправата за концептот на „едно општество за сите“ затоа мора да ги расчисти дилемите околу вистинското значење на предочената претпоставка за општествениот развој.

Второто прашање околу кое има недоразбирања е концептот на македонската нација. Од овој концепт произлегува и концептот на македонската култура која е потребно да остане единствена и покрај тоа што ја обезбедува афтентичноста на малцинствата.

Затоа што како да има претензии за нејзиното редефинирање. На тој начин што се претендира мултиетничкото општество да биде искажано како мултиетничка нација иако никаде нацијата не е мултиетнички изразена. Да се потсетиме дека македонската нација е настаната како нација на македонскиот народ и смислата и на денешната македонска нација е истоветна иако се импровизира дека промените мора да се искажат и на ваков начин. Намерно се превидува дека внатрешните односи на народот со малцинските етнички групи се разрешуваат според Конвенциите на ЕУ како патоказ за определување на односите внатре во македонската нација. „Иноваторите“  жонглираат и со термините делови од народи за националните малцинства дури и во Уставот. А деловите од народите се оние кои внесле територии во соответната нација. Па и претензијата да се создаде териоторија со исклучително албанско население се јавува во корелација со редефинирањето на нацијата и државата. Индицираат и неинтонирањето на македонската химна или барањето за инструментално интонирање на химната; непочитувањето на македонското знаме; директното барање за федерализација на државата или за дводомен парламентарен систем; и, најново, создавањето на сепаратистичкото движење. Најпрво и промената на името на државата.

Станува сосема јасно дека додека не ги расчистиме работите околу различните приоѓања кон македонска нација и за концептот „едно општество за сите“ нема да одиме напред. Постојано ќе бидеме ранливи и со предизвици. Постојано „некои идеи“ од политичките партии ќе го брануваат народот волонтаристички. Како што е, досега, кога идеите се оправдуваат со, наизглед, логички, вербални егзебиции, од типот (прашално и индикативно) „зарем Албанец не може да биде премиер?“  А јасно е дека никој не би бил против ако не станува збор за истакнување на прашањето како единствен адут во политичката битка, играјќи, вилибристички, на националистичката карта.  А неприфатливо како претпоставка за мериторноста.

Таквата практика е потребно да престане и секојпат да биде осудувана од политичките субјекти. За да биде сосема јасно дека таквите политички барања се недозволени. Бидејќи неминовно ни е потребно единството за националната стратегија.

 

Јованка Кепеска