Идентитетот на Македонците и суверенитетот на Република Македонија /Дефинитивно и трајно се гарантирани со Уставот и меѓународното право/

Почнувам со горкото искуство. Основната теза на Грција во поглед на Република Македонија гласи: Македонија е географски концепт, а не етнички поим и државна творба. Како последица на тоа го негира името на нашата држава. Тоа и е малку, и како ненаситна грабливка ни чепка во идентитетот, историјата, јазикот и се што е македонско. Тоа значи нема македонска држава, а за суверенитет, идентитет на истата, не сака ни да чуе, ниту пак да дискутира. Констатација: Грција не ги почитува уставниот, политичкиот и правниот поредок на Република Македонија, засновани на одредбите на Уставот на Република Македонија и потврдени со одредбите на меѓународното право, најконкретно со Повелбата на ООН и сите други меѓународни прописи на меѓународната заедница. Оваа морално и финансиски банкротирана држава, прави дупла грешка: грешка во чекори и техничка грешка за исклучување што би рекле во кошарката.

Сега го спротивставувам ставот на најголемиот дел Македонци, што е меѓународноправно признат: Доколку една заедница се стекнала со идентитет, таа го има правото да биде народ, а народот го има правото на суверенитет и државност. Истиот го агрументираме со член 1 од Повелбата на ООН: ‘’Сите народи имаат право на самоопределување’’. THE END и точка. Ама ајде, за неписмените за меѓународно јавно право – грчките политичари, националисти, шовинисти и иредентисти – ќе дообјаснам. Ова право од член 1 на Повелбата, Комисијата за меѓународно право на ООН го дообјаснува:

  • Правото на самоопределување е универзален принцип и
  • Начелото е универзално употребливо

Првото, значи дека правото важи за сите народи. Второто пак, дека сите можат да го употребат. Меѓународна потврда и верификација на оваа JUS COGENS норма даде Бадентеровата комисија, во својот закључок, кој е јасен и дециден: Република Македонија ги исполнува условите за самостојна држава, соджани во Резолуцијата на ЕЗ за поранешна Југославија. И толку. Море има уште. 141 држави ја признаа Македонија под уставното име – Република Македонија. Тоа ти се вика JUS COGENS на дело, во практика. Така прават државите што знаат што е меѓународно јавно право и кои во меѓународните односи стапуваат со респект кон субјектите на меѓународното јавно право и меѓународните политички односи.

Два поучни примери од Европа за оваа проблематика:

Пример Германија. Во 1870/71г. по победата на Австро-Унгарија, Ото фон Бизмарк, од Северниот и Јужниот сојуз на германските државички, на дотогаш феудалните Прусија, Франконија, Баварија, Саксонија, Литарингија и др., ја создаде Германската империја. Пред тоа светските културни гиганти Бах, Гете, Бетовен, Хендел, Кант, Шилер, Хердер, и др., беа сврзани со своите дворски црковни и провинциски култури. Германија сите ги нарече германски.

Пример Италија. Малите државички како Пиемонт(Савоја), Неапол, Ломбардија, Тоскана, Сицилија, Папската држава во Лацио, се соединија некаде 1860/61г., на база на договорот од Торино и го содадоаИталијанското царство, со седиште и парламент во Рим. И веднаш почна “италијанизирање“ на венецијанското, фирентинското, римското, торинското и на другите културни богатства. Прашувам дотогаш чии беа Џото, Донатело, Микеланџело, Да Винчи, Тицијан? Исто важи и за Данте, Петрарка и другите. И чии беа големците на “рисонџиментото“ како Верди, Пучини, Белини?

Сега и една мала правна(појмовна)многу битна, објаснувачка ретроспектива. Колку да го разобличам романтичарскиот сон на бугарската државна политика, која е експанзионистичка и својствена на еден балкански мега-етникум, разбира се – б’лгарски.

Станува збор за врската помеѓу идентитетот и суверенитетот. Кога една држава меѓународноправно се зачленува во ООН идентитетот на земјата или нацијата се претвора во суверенитет односно државност, меѓународноправно признаена. Во случајот на Македонија асномската филозофија го формализира спојот на идентитетот и суверенитетот. АСНОМ сите го гледаат историски – како заседание на кое се конституира и прогласи македонската држава. АСНОМ има и една национално-политичка филозофија. Покрај народноослободителен и антифашистички карактер, ова заседание има и граѓанско-демократски карактер.

Од 9 одлуки и решенија што се усвоени на АСНОМ, пет се административни, а четири се апсолутно државотворни и го здружуваат идентитетот и суверенитетот на Македонија:

 

  1. Решение за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и за највисок орган на државната власт во демократска Македонија
  2. Декларација за основните права на граѓаните во Македонија
  3. Решение за воведување на македонскиот јазик за државен јазик во Македонија
  4. Решение за прогласување на Илинден за народно-државен празник

 

Во овие одлуки и решенија се содржи вистинската филозофија и идеологија на АСНОМ: македонска држава со свои државни органи, македонски јазик, македонски државен празник – Илинден. Многу битна е Декларацијата за основните права на граѓаните на Македонија, која е темел на идниот поредок на Македонија – правото на здружување и правото на приватна сопственост.(краток, јасен, концизен, разбирлив стил, напишан од Владимир Полежиновски; според урнекот на Француската декларација за правата на човекот и Американската декларација за независност).И да се разбереме: не може окупатори од минатото, и присвојувачи низ историјата лицемерно да ни се прикажуваат како добрососедци. Тоа ти е пеперутка од соништата, која во реалноста е грда гасеница. Ауф фидерзен б’лгари, “кркаје ги целуфките на Ана“.

 

 

Сотир Костов