ХАОС!

Секојдневно гледаме, слушаме, читаме фрапантни бројки на заболени и починати. Македонија е лидер во регионот по број на починати и заразени. Во периодот кога имавме помала бројка, имавме поголеми рестриктивни мерки но во период кога вирусот се шири со енормна брзина и го има насекаде околу нас, ние имаме популистички мерки и билдање рејтинг. Исцрпени лекари, медицински сестри и здравствени работници поради долгите и стресни дежурства. Клиниката за Инфективни болести и ГОБ “8 Септември” се преполни со жолта, црвена и зелена зона. Неспособноста и неорганизираноста на здравствените власти во брз временски период ќе го колабираат здравствениот систем.
За едно тело да функционира, сите останати органи треба да се синхронизирани. Власта направи да имаме дисфункционални и болни органи. Хаосот продолжува неорганизираноста и популистичките методи го земаат својот данок. Полни клиники и болници, заборавени и дискриминирани матични доктори кои се во првите борбени редови и бедем во одбраната против вирусот. Пандемијата владее со Македонија, власта капитулира и прави се поголеми и поголеми грешки. Со вакво менаџирање и справување со здравствената криза, стремежот и копнежот за власт и со методите за добивање гласови ќе станеме држава без народ. Држава без видлив економски развој и комплетен колапс. Колку побрзо си одат, подобро ќе биде за народот во Република Македонија

ПОТРЕБНА Е ПРОМЕНА!
НЕ ВЕ БИДУВА!

М-р Боби Бојчевски