Хакери влегле во компјутерскиот систем на казино преку аквариумот

Обидувајќи се да пристапат до корпоративните компјутерски системи, хакерите се почесто го напаѓаат Internet of things (Интернет на уреди). Каде што се поврзани уреди во домаќинството како климатезери и камери. На тој начин хакери успеале да провалат во системот на казиното.

Интернетот на уреди е комбинација од хардвер, софтвер и апликации кои ги поврзуваат паметните уреди од нашето опкружување кои се опремени со сензори, процесори и уреди за комуникација. Извршната директорка на компанијата Darktrace, Никол Иган кажа дека постојат се поголем број вакви уреди, од термостати, системи за ладење, клима уреди до безжични звучници кои луѓето ги носат со себе. А сепак можат да бидат под мета на хакери. Според неа, сите тие претставуваат незаштитена мета за хакерски напади.

Како пример таа наведе еден случај на кој што работела нејзината компанија. Каде што хакери влегле во компјутерските систем на едно казино преку термометарот во аквариумот.

Хакерите преку термостатот влегле во компјутерската мрежа. Потоа од базата на податоци украле важни и приватни информации за посетителите на казиното.

Роберт Ханиган, поранешниот директор на британската разузнавачка агенција за следење на електронските комуникации GCHQ, потврди дека нападите на Internet of things се се поголем проблем за компаниите.

– Знам за пример каде што банка беше хакната преку нивните камери, изјави Ханиган.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *